Полицијата и Јавното обвинителство досега поради вандализмот на протестите спроведе десетина лица, од кои петмина добија куќен притвор во траење од 8 дена, неколкумина заработија кривични пријави, а десетина ќе одговараат прекршочно поради нередите предизвикани на протестите организирани од СДСМ и соросоидите.Меѓу приведените е и Здравко Савевски од „Левица“ кој на снимките јасно се гледа како го сквернави Македонското знаме, пали фотографии на претседателот на државата и учествува во демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот.
Освен Савевски, лишени од слобода се и други 13 лица. По неколкумина полицијата сеуште трага за оштетување на објекти за време на протестите.
Оштетени објекти за време на протести:
– На 13.04.2016 година оштетени се изложните стакла и влезните врати на Народна канцеларија на претседателот и Министерство за правда, при што е оштетен и дел од ентериерот;
– На 16.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на порта Македонија со фрлање на балони со боја, јајца и други предмети;
– На 17.04.2016 година извршено е повторно оштетување на фасадата на порта Македонија со фрлање на балони со боја, јајца и други предмети;
– На 18.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Министерство за култура со фрлање на балони со боја и други предмети;
– На 20.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на бараките на град Скопје со фрлање на балони со боја;
– На 20.04.2016 година извршено е оштетување на скулптура Прометеј во „Жена„ парк со фрлање на балони со боја;
– На 22.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Агенција за електронски комуникации со фрлање на балони со боја;
– На 22.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Основен суд Куманово со фрлање на балони со боја;
– На 22.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Основен суд Охрид и општина Охрид со фрлање на јајца;
– На 22.04.2016 година и на 25.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на општина Битола со фрлање на балони со боја;
– На 23.04.2016 година извршено е оштетување со фрлање на балони со боја на скулптурите Лавови на мост „Гоце Делчев“;
– На 25.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Министерство за надворешни работи со фрлање на балони со боја.
Досега до СВР Скопје од надлежните институции доставени се пријави за кривични дела „Оштетување на туѓи предмети“ само за оштетувањата на Народната канцеларија на претседателот, Министерство за правда, порта Македонија и Министерство за култура.
Идентификацијата сѐ уште трае, а полицијата вчера побара и помош од граѓаните при идентификација на демонстрант кој украде лап-топ компјутер од Народната канцеларија на Претседателот, пренесе Инфомакс.
Покрај ова лице, кривична пријава има и за Горјан Тозија кој не бил пронајден на неговата домашна адреса при посетата на полицијата.
Меѓу насилниците е и Огнен Узуновски, лидер на протестите сопственик на „Излет“ кој има издржувано затворска казна од три години поради фалсификување на патни исправи во 1994 година.
Меѓу приведените е и Здравко Савевски од „Левица“ кој на снимките јасно се гледа како го сквернави Македонското знаме, пали фотографии