ХУМАН ГЕСТ: Човек спасил дете кое било заклучено во вжештен автомобил!

Додека родителите на плус 40 °C воделе повеќе грижа за да не го скршат стаклото од автомобилот и во сенка чекале да дојде мајстор да ја отклучи бравата, еден човек прискокнал во помош.Случаен минувач му го спасил животот на едно двегодишно дете, чии родители го заборавиле клучот во автомобил кој бил паркиран на сонце, пред трговски центар во Пореч, Хрватска.
Тие не сакале да го скршат прозорецот од автомобилот.
Зоран Гргиќ е спасителот на двегодишното дете.
„Случајно се најдов пред влезот на трговскиот центар. Кога видов дека во автомобилот има заклучено  дете, решив да го скршам стаклото. Кога го прашав таткото на детето зошто не го скрши прозорецот, тој ми одговори дека чека клучар да му донесе клучот и да ја отвори вратата. Го скршив прозорецот без многу размислување и го извлеков детето, кое веќе почна да ја губи природната боја“ – изјави Гргиќ за хрватските медиуми.Случаен минувач му го спасил животот на едно двегодишно дете, чии родители го заборавиле клучот во автомобил кој бил паркиран на сонце, пред трговс

Пронајдете не на следниве мрежи: