Хумани, распеани и насмеани

Хумани, распеани и насмеаниВо недела, 11 октомври,  од 12 до 14 часот на 3. кат во ТЦ Капитол мол ќе се одржи хуманитарен настан за помош на Горан од СОС Детското село.
На ова момче му се оствари сонот по долгата разделба повторно да живее со својата мајка. На семејството , за никогаш повеќе да не се раздели,  потребна му еподдршка. Куќата во која живее Горан со својата мајка Мила е многу стара, трошна и неопремена. СОС Детското Село со помош  на сите кои сакаат да му помогнат на Горан , набави градежен материјал и мебел, за да ја поправи и опреми трошната куќа. Остана уште да  се обезбедат пластична масичка со пластични столици, за Горан да може да јаде и да пишува домашна задача.
За таа цел Кидс парк и Просветно дело организираат хуманитарно – забавен настан насловен како  ХУМАНИ, РАСПЕАНИ И НАСМЕАНИ. Програмата ќе ја збогатат Кристијан Тасевски – Кико, балерините од студиото Балерина и дечињата од СОС Детското село.
Повелете и на диско караоке и на ликовна работилница со боите на Примо.  И Вие можете да помогнете и да станете дел од оваа приказна.Секое дете има право на ДОМ и СЕМЕЈСТВОВо недела, 11 октомври,  од 12 до 14 часот на 3. кат во ТЦ Капитол мол ќе се одржи хуманитарен настан за помош на Горан од СОС Детското село.

Пронајдете не на следниве мрежи: