Хуманитарен музички настан за лекување на Марга Велеска

На ден 9.01 ( петок) со почеток во 12:00, па сѐ до 20:00 во Старата Скопска Чаршија, во Пивница „Стар Град“ ќе се одржи хуманитарен JAM SESSION за Марга Велеска. Донираме за Марга Велеска која боледува од церебрална парализа и потребна ѝ е операција во Русија за да се излекува.Во Пивница „Стар Град“ ќе бидат поставени кутии каде што ќе можете да оставите донација, Ги покануваме сите музичари кои се расположени за пеење, играње и свирење на различни инструменти (гитари, бас гитара, тапани, клавијатури), заедно да ја правиме музиката во текот на целиот ден со почеток точно на пладне, па се до вечер.
Ги покануваме и сите посетители да донираат во кутиите кои што ќе бидат поставени во пивница „Стар Град“. За сите оние кои ќе дојдат да се забавуваме и да донираме обезбедивме бесплатна храна цел ден:
-Салати
-Канапеи
-Даска Пивница (сирење на скара, пилешки крилца, пилешки прсти, колбаси, суџук, кебапи)
-Пица
Броевите на кои што исто така може да донирате се
: Т мобиле- 070143114
Вип- 077143077
Бидете хумани, да и помогнеме на Марга!
Во Пивница „Стар Град“ ќе бидат поставени кутии каде што ќе можете да оставите донација, Ги покануваме сите музичари кои се расположени

Пронајдете не на следниве мрежи: