Велигден е еден од најголемите и најпрекрасните семејни празници кои се прославуваат во текот на годината. Денови кога се расположени и најмалите и големите, кога секојдневните грижи се надминуваат и кога човек се фокусира на најзначајното нешто во животот – семејството.Негувајќи ги овие вредности од 13ти до 15ти април Капитол мол заедно со Црвен крст и неколку ракотворци организираат добротворен велигденски базар за помош на 6 месечната Миа која е во вештачка кома во болница во Софија. Сите собрани средства ќе бидат донирани како помош за трошоците за лекувањето на малото девојче. Нејзината сестричка близначка почина од истиот здравствен проблем. Ова семејство е избрано од страна на Црвен крст на град Скопје кој заедно со Капитол мол се фокусираат на што поголема помош. Од Капитол велат „Ги повикуваме сите заедно да им го дадеме на овие прекрасни луѓе тоа што им е најпотребно – среќно и исполнето семејство!“.
Нема поголема радост и восхит од прославување на вредностите кои се темел на Велигден и затоа покрај акцијата Капитол мол одлучи да организира настани за најмалите кои од 13ти до 17ти април ќе можат да учествуваат на бројни работилници. Се очекува целиот мол да ечи од детски насмевки. Капитол мол отсекогаш се грижел за зацврстување на семејните вредности и затоа во самиот центар секој член од семејството може да ужива и да го најде тоа што најмногу го посакува, незаборавни моменти со најблиските.
Капитол мол постојано се труди да им овозможи на своите посетители атмосфера исполнета со безвременски искуства градејќи ги најзначајните хумани вредности.
Капитол мол воедно ви ги честита празниците и на сите им посакува во секој ден од годината да бидат најсреќни и најисполнети.Негувајќи ги овие вредности од 13ти до 15ти април Капитол мол заедно со Црвен крст и неколку ракотворци организираат добротворен велигден