Сопственичката на понито, Грејс Хилиар де Алваро го пронашла своето милениче, кое долго време го барала, во бунар длабок 2.5 метри. Госпоѓата Алваро станала очајна за време на трагањето по малото пони кое поминало неколку полиња додека не паднало во недовршен бунар.
Откако е повикана итната служба, понито, со помош на опрема за подигнување, го спасувале 35 пожарникари и специјалисти од спасувачки тим.
Возбудената сопственичка на понито изјавила:
„Пресреќна сум што го спасивте моето пони. Тој е многу мирен, не разбирам како успеал толку далеку да залута, цела среќа што паднал на нозе. Ништо не скршил и премногу сум благодарна на пожарникарите што го спасија“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Сопственичката на понито, Грејс Хилиар де Алваро го пронашла своето милениче, кое долго време го барала, во буна