Луѓето се навикнати да ги читаат само убавите работи кога го разгледуваат хороскопот. Но, на интернет се појави шеговит и саркастичен приказ на карактерните црти на знаците од Зодијакот. Па, да почнеме со набројување нa истите…ОВЕН
Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат да му ја одземат слободата на партнерот, а на себе да си приуштат харем од љубовници. Примарно, тие се заглавуваат на луѓе кои тешко можат да ги освојат и не признаваат пораз додека целосно психички не се уништат. Многу се несредени во мозокот, скокаат на сѐ и сешто, не знаат за тактика, а се разболуваат од чекање. Кога ќе видат дека сте во право, нема да ви признаат.
Тие не веруваат во хороскоп. Немаат нежност, себични се и нападни, не го употребуваат мозокот, не поседуваат емотивна интелигенција, не му се препуштаат на партнерот, ниту го следат.
Во животот обично завршуваат со некој кретен, бидејќи нивниот избор на партнери е ужасен и потоа се чудат зошто се измамени или оставени. Им треба многу време да ги сфатат работите.
БИК
Самозадоволни, молчеливи личности, досадни како клуб на филателисти. Нивниот најголем психички проблем е што немаат проблеми. Сѐ им е супер и немојте да ги мачите со своите проблеми, бидејќи тие ги немаат. Ним треба да им создадете проблем за да им го направите животот поинтересен.
Нивниот мир е совршен сѐ додека не се претвори во манично лудило, бидејќи кога ќе ги исфрлите од такт – тие со своите рогови, ножеви и било што ќе им се најде при рака, заедно со изобличеното лице, ќе тргнат кон вас како на матадор кој мавта со црвено платно.
Ви препорачуваме тогаш да се закопате или да подготвите секира, бидејќи нема да попуштат ниту на вашите извинувања.
БЛИЗНАЦИ
Главни озборувачи и трачари, предавници и превртливци со дупли аршини кои ги менуваат на секои 10-15 минути. Велат дека Јуда бил Близнак. Луѓе со маска и сто лица, вечни актери и нарциси со површен поглед на животот.
Тие не веруваат во хороскоп. Ако повлечете црта, ќе видите дека за него се наоѓате ниско на листата на приоритети. Екстремно лоша страна е што Близнакот се повеќе личности одеднаш. Добра страна е дека и нив ги третира исто како и вас. Имате работа со личност која не може да оствари и да понуди квалитет, но затоа може да ви понуди „квантитет“.
Ако не нуди ништо, тоа не значи дека тој не очекува ништо од вас. Сепак, тие се само себични, вешти со зборови и зборовите им се единствената валута со која располагаат и со која можат од вас да земат сѐ што имате.
РАК
Посесивни лудаци. Ќе се навредат ако не сте им посакале „добро утро“ со правилна интонација. Го менуваат расположението како ќе дувне ветерот. Ако ги обвините дека лажат, ќе настрадате. Ќе плачат и ќе се жалат со години. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност – еден ден се претвора во ваш најлош непријател и садист, додека наредното утро е онаа „стара“ личност, со блага амнезија.
Доколку сакате да си имате работа со темпирана бомба, само напред. Ви препорачуваме да се зачлените во некое ловечко друштво, бидејќи кога-тогаш ќе ви затреба пушка.
ЛАВ
Арогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите навистина веруваат дека нивното влегување во просторијата го следат рефлектори и дека во неа се наоѓа најмалку една личност која што ги обожава.
Вистина е дека станува збор само за една личност – тие самите. Затоа, за да бидете со Лавот, вие морате да научите да одите по негово; да се сложите со сѐ што кажува и да го обожавате без причина.
ДЕВИЦА
Опсесивно-компулсивни невротици, кои од стресот се ослободуваат со чистење на станот, сложувајќи ја облеката или кинескиот порцелан. Тие цепидлачат буквално за сѐ. Припадниците на овој знак не ја препознаваат љубовта и се без емоции, а кај нив сѐ се сведува на секс. Само робот може да биде поприземен и поладен од Девицата.
Девицата толку добро глуми што нема ни да почувствувате дека ќе ве елиминира во наредните неколку месеци или години. Од каде толкав талент за итроштина и бесчувствителност? – Сепак, тие се нарциси кои се грижат само за себе. Кога не би ја имале таа невротичност и нервозата поради кои ја губат рационалноста, би помислиле дека си имате работа со андроид.
ВАГА
Нарсицодини шизофреници. Огледалото им е најдобар пријател, потполно се нестабилни, им требаат недела дена за да се одлучат дали ќе нарачаат Кока-Кола или Пепси, толку се мрзеливи што е вистинско чудо како воопшто стануваат од кревет.
Припадниците на овој знак се бездушни, без срце, без крв и знаат да ве сакаат ако сте финансиски силни или ако се наоѓате на функција. Зборот „пријател“ не постои кај Вагите и колку и да им се отворите, не сметајте на реципроцитет. Подраги им се илјада лаги, отколку една болна вистина.
СКОРПИЈА
Деструктивни луѓе кои не можат да ја поднесат својата горчина сами, па со себе мора да повлечат уште 100 луѓе. Тие не би се шокирале доколку утре дојде крај на светот, бидејќи веројатно би го дочекале со садо-мазо оргии. Смртта за нив не е ништо страшно, а се палат на крв и на сѐ она што кај обичните луѓе предизвикува морбидност.
Ги следи обележје на љубоморно-посесивни психопати и психички се разболуваат без секс. Исто така, тие често мислат дека некој им кова заговор зад грб. Не сте нормални ако на Скорпијата ѝ речете дека лаже – не е препорачливо да се опишуваат деталите на вашата трагедија.
Тие се одмаздољубиви деца на кои не им е гајле за ништо. Тие никогаш нема да заборават ако сте им нанеле штета и ќе коваат планови за да ви вратат кога најмалку ќе очекувате.
Запомнете: Скорпијата ќе ве сака само ако сте приврзани за неа и ако таа претставува најважна личност во вашиот живот.
СТРЕЛЕЦ
Уживаат да им солат памет на другите, а ентузијазмот им е толку голем, што дури и постои можност да ги оживеат и мртвите. Се срамат да признаат дека чувствуваат тага.
Се исплати да фатите припадник од овој знак во лага, бидејќи ќе измисли толку чуда – од оправдувања до неверојатно искуство. Тие не знаат да лажат, но знаат да измислат неверојатно добра приказна, што ќе заборавите и сами дека сте ги фатиле на дело.
ЈАРЕЦ
Ловци на робови, веруваат во судбина до најситен детаљ, зборот „прости“ не постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел живот, но никогаш нема да дознаете што имаат да кажат за вас.
Не знаат да искажат чувства со зборови. Така, наместо „те сакам“, често ќе ве дочека „оди по ѓаволите“. Би ја продале душата за повисок општествен статус. Тие се кукавици кои бегаат од големи ризици – бегањето и оставањето на цедило е нешто што го прават цел живот.
ВОДОЛИЈА
Разуздани и расеани личности кои најмалку 500 пати ќе се загубат. Тие би сакале да им бидат пријатели на сите, но на крај тоа не им оди од рака, па ќе ги измамат оние кои најмногу направиле нешто за нив. Често го пикаат носот во животите на другите, па затоа и не треба да ве изненади статистиката дека најголем број од шпионите на ЦИА се токму Водолии.
Тие ќе направат сѐ за пријателите во даден момент, но сето тоа ќе биде преброено. Водолиите не живеат долго, затоа што животот без одговорности им носи рана смрт. Велат дека Водолијата ве лажела? – Ни случајно, тоа е илузија! Постојат само различни погледи на работите, треба да се има отворен ум и разбирање кон она што е различно меѓу вашиот начин на сфаќање на работите и оној на Водолијата.
Причината поради која Водолијата би се нашла во ваша близина е ако мисли дека сте чудак, бидејќи себеси се смета за несфатена, посебна и неверојатно вредна личност.
РИБИ
Досадни и склони кон самосожалување. Секогаш чекаат некој да дојде и да ги утеши, не можат ништо да направат без туѓата помош. Дури и од најмала ситница прават сензација и ги гњават луѓето околу себе.
Кога се добро расположени се занимаваат со туѓите проблеми, па повторно паѓаат во депресија – и повторно во круг. Тие не лажат, бидејќи нивната вера не им го дозволува тоа.ОВЕН
Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат да му ја одземат слободата на партнерот, а на себе да си приушт