Хурем со нов лик во новата сезона

Актерката Мерјем Узерли, која ја глуми Хурем Султан во турската серија „Величенствениот“ се откажа од снимањето на оваа серија која стана хит на Балканот.
Црвенокосата 29-годишна актерка пред неколку дена отпатува во Берлин, каде живееше пред да започне со ангажманот за „Величенствениот“.

Таа паднала во депресија, при што била во специјалистичка болница, па најверојатно се повлекува од улогата на султанка со која ја освои целата публика ширум светот.
Се претпоставува дека легендарната Хурем Султан ќе ја одмени актерката Ѓулшин Сантирчиоглу, која е родена во Измир во 1977 година.

Останува да почекаме и да видиме дали оваа замена ќе биде достојна. Зарем постои некоја што би можела да ја замени Хурем?
 
 Актерката Мерјем Узерли, која ја глуми Хурем Султан во турската серија „Величенствениот“ се откажа од сним

Пронајдете не на следниве мрежи: