Голманот на Колдинг упати серија критики кон судиите кои беа делители на правдата на дуелот во Данска.Голманот на Колдинг, воедно и легенда на данскиот ракомет, Каспер Хвидт, причината за двата убедливи порази од Металург ја најде кај судиите.
„Македонците имаат неверојатно влијание врз ЕХФ и врз судиите, така беше во Скопје, така и на овој натпревар. Одново им беше дозволено да играат многу бавно, а судиите воопшто не го санкционираа тоа“ вели голманот на Колдинг во изјава за „Екстра Бладет“.
Во продолжение Хвидт го вели следново:
„Не можам да разберам како може еден македонски ракометар да лежи на теренот 20 пати, да го задржува времето, а потоа ниту еднаш да не биде заменет. Очигледно е дека тој не беше повреден, но судиите сепак го толерираа тоа“ дополни Хвидт.
Како на ова реагираа од таборот на Металург прочитајте ТУКАГолманот на Колдинг, воедно и легенда на данскиот ракомет, Каспер Хвидт, причината за двата убедливи порази од Металург ја најде кај судиите.