Ајкулите го подложуваат човечкиот род на сексуална дискриминација, со тоа што убиваат девет пати повеќе мажи отколку жени, пишува „Дејли мирор“.Според последното истражување на нападите на овие морски предатори, со фатален исход во дури од 84% од случаите загинуваат претставниците на посилниот пол. Авторот на студијата, проф. Дерил Мекфиј тврди дека откритијата биле толку изненадувачки што го натерало тимот два пати да ги проверува резултатите.
Според него, тоа можеби се должи на фактот дека во спортовите како сурфањето, кој дава највисок данок за ајкулите, се вклучуваат претежно мажи. Претставниците на посилниот пол потенцијално поминуваат повеќе време во водата и се подготвени да преземат поголеми ризици.
Истражувањето било спроведено од тимот на Универзитетот Бонд во Квинсленд, Австралија. Во истражувањето било видливо дека имало трипати повеќе зголемување на случаите на напади од ајкули во последните 30 години.
Во Австралија има најмногу жртви – 32 од 171 напади. Во Јужна Африка биле регистрирани 132 напади од кои 28 биле со фатален исход, а во САД – 769 напади завршиле со 25 смртни случаи.
Белите ајкули се одговорни за повеќето напади. Интересно е дека во САД се регистрирани најмногу случаи на каснување, но и на најмал број на фатални исходи.Според последното истражување на нападите на овие морски предатори, со фатален исход во дури од 84% од случаите загинуваат претставниците на посилн



