Политичката состојба во Македонија дополнително се влошува, вакво мислење имаат 54,5 проценти од граѓанит. Ова го покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања- Скопје (ИПИС) спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март на 1100 полнолетни испитаници.
Дури 65,5 отсто од граѓаните сметаат дека со одржување на изборите не се надминала политичката криза.
На прашањето кое е најдоброто решение за актуелната криза, 45,8 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е распишување на нови апрламентарни избори заедно со локалните. 35, 5 отсто од испитаниците сметаат дека најдобро решение за актуелната криза е претседателот Ѓорге Иванов мандатот да му го даде на Зоран Заев.
Во однос на истото прашање по етнички заецниди, резултатите се следни:
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека единствен излез од кризата, доколку и понатаму се форсира со платформата од Тирана се нови предвремени парламентарни избори, на кои одредена партија истата платформа би ја ставила во програма, па после тоа би имала легитимитет да ја имплементира.
-Доколку се инсистира на платформата, тогаш треба да им се даде можност на граѓаните да се изјаснат за неа. Да се договорат сите политички партии, да излезат на избори, па да се види дали се граѓаните за или против оние начела кои ги содржи самата платформа. После тоа победникот ќе го има легитимитетот, дали да ја имплементира, доколку тоа го предложил пред изборите во својата кампања или тоа да биде одбиено, смета Божиновски.
Божиновски додава, дека ниту еден гласач на изборите не гласал за тоа што го содржи платформата и смета дека граѓаните треба да имаат увид пред изборите во нешто толку суштинско. Тој смета дека ситуацијата во овој момент е слична како во 2004 година, кога беше донесен законот за териотријалната поделба.
-Уште вечерта после изборите кажав дека самиот сооднос на силите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ може да иницира ултиматуми од помалите политички партии, што и се случи после два дена со донесувањето на Тиранската платформа, вели Божиновски.
Владимир Голубовски смета дека политичката криза не може се уште да и се види крајот, бидејќи сме под закана за формирање влада која може да ја наруши унитарноста на Македонија.
-Под закана сме од правење влада чии партиципиенти и коалициони партнери на СДСМ се потписници на тиранската платформа која што води кон редифинирање на државата, смета Голубовски.
Аналитичарот Александар Даштевски смета дека во услови на ваква криза, каде што партиите од албанскиот блок бараат нешто, што ниту една партија го немаше во предизборната кампања како програма, а сега е услов за формирање влада, единствен излез се нови избори.
-Што побрзо нови избори, толку подобро за сите и за опозицијата, и за албанските партии и за позицијата, се друго е губење на време, изјави Даштевски. Ова го покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања- Скопје (ИПИС) спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март на 11