Британската пејачка Шерил Кол, пејачот Крег Дејвид и американската пејачка Бијонсе се на листата потенцијални жртви на двајца Британци обвинети веќе претходно за заговор за убиство на пејачка Џос Стоун, објави во четвртокот интернет изданието на весникот The Telegraph повикувајќи се на податоци од судот.Лондонскиот суд на 19-ти април најави за двајца државјани на Велика Британија, Џуниор Бредшоу и Кевин Ливерпулју обвинение за заговор за убиство на 25-годишната соул пејачка Џос Стоун. Припадниците на Скотланд јард ги уапсија Бредшо и Ливерпулју во јуни 2011 година, по дојава во полицијата од сосед на пејачката, кому му станало сомнително однесувањето на двајцата мажи.Истовремено во нивниот стан во Манчестер бил запленет дневник во кој биле наведени имињата на славните личности. Обвинетите се изјаснија за невини. При претресот, кај уапсените биле пронајдени самурајски меч, ножеви, борбени палки и црн пакет. Во автомобилот, со кој се довезле напаѓачите, биле најдени и белешка што укажува на тоа дека тие имале намера да ѝ ја отсечат главата на пејачката, а потоа нејзиното тело да го фрлат во река.Џос Стоун (со родено име Џоселин Ив Стокер), е англиска соул пејачка, поетеса и актерка. Таа стана позната во 2003 година откако го издаде мултианимираниот албум „The Soul Sessions“. Тој и вториот албум на пејачката под наслов „Mind, Body & Soul“ беше номиниран за престижните музички награди Греми, а самата пејачка беше номинирана за признанието Најдобар нов артист.
МакфаксБританската пејачка Шерил Кол, пејачот Крег Дејвид и американската пејачка Бијонсе се на листата потенцијални жр