Само еден ден откако владиниот портпарол, Миле Бошњаковски не одговори на прашањето на „Курир“ дали Бубо Каров е дел од владата на СДСМ, оттаму соопштија дека тој од денеска е надворешен советник на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.– Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата на Република Македонија, се вели во соопштението од Владата.
„Курир“ бараше одговор на прашањето дали Бубо Каров и ќерката на Тито Петковски, Маја Петковски се дел од новите вработени во владата, за што добивме потврден одговор за Петковска, но за Каров не одговорија ништо.
Инаку, Бубо Каров беше еден од критичарите на претходната власт, беше дел од протестите против Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а држеше говори и пред Македонската Радио Телевизија.– Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста