И денес протести: Се најавува целосна блокада на сообраќајот во Скопје

Со блокирање на повеќе раскрсници на главните сообраќајници во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и денеска го продолжува протестот за слобода на притворените во вчерашната акција на МВР. Како што информираат од партијата во писмено соопштение, затворени од 15 до 17 часот ќе бидат следните раскрсници.- Крстосницата кај Мавровка;
            – Крстосницата кај Порта Влае;
            – Крстосницата помеѓу Бул. Јане Сандански и Бул. Србија во населбата Ново Лисиче;
            – Крстосницата кај „Рампа“ во  населбата Кисела Вода.
По ова, од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат протест пред Министерството за правда во 18 часот, за каде се најавуваат повеќе говорници.
„ На удар е слобдномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние кои се грижат и на кој Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам.
            Целата оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период.
            Во ист момент кога се изготвува закон за ослободување на над 1.000 затвореници, сторители на тешки кривични дела, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, власта обвинува за наводен тероризам, уметници, режисери, актери, архитекти и лекари.
            Токму затоа ги повикуваме сите граѓани, наши активисти, симпатизери, поддржувачи да излезат и да изразат поддршка кон патриотите, и револт кон политичкиот прогон на власта. “ – стои во партиското соопштение.- Крстосницата кај Мавровка;
            – Крстосницата кај Порта Влае;
&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: