Како печурки никнуваат нови албански страни на социјалните мрежи каде што се споделуваат приватни разговори во кои главни ликови, според оние кои ги објавуваат се албански политичари од државниот врв, од редовите на ДУИ, објави Прес24.Откако вчера медиумите објавија за извесна фан страна која објавила серија прислушувани разговори за кои тврди дека се од пратеничката Ермира Мехмети, екс вице премиерот Муса Џафери, лидерот на ДУИ, Ахмети но и останати високи функционери од Мала Речица, денеска разговори може да се слушнат на уште една страница на Facebook.
Краткото разгледување покажува дека оваа фан страна е направена пред 5 дена и има само 233 луѓе кои кликнале лајк. Единствено што објавува се незаконски прислушувани разговори за кои тврди дека се функционерите на ДУИ.
Кој стои зад овие страни и како овие разговори пристигнале во рацете на овие луѓе најверојатно ќе покаже истрагата. Лидерот на ДУИ побара најостри казни за оние кои ги објавуваат незаконски стекнатите разговори.
Весникот Дневник, повикувајќи се на неофицијални информации пишува дека снимките се поврзуваат со Захир Бекири Чаушот кој беше уапсен во „Фабриката за афери на СДСМ“ и со косовското подземје.
Се уште нема официјална потврда дали снимките се дел од пакетот со кој располагаше Заев.
Полицијата при приведувањето на Чауш во неговиот фолдер именуван „СДСМ Заев“ пронајде околу 70.000 разговори. Беше пронајден и хард диск на кој исто така имаше незаконски прислушувани разговори. Тогаш медиумите објавија дека разговорите им се нуделе на лица од косовското подземје, а со нив се тргувало и во Србија преку еден македонски новинар.
За ова, според информациите кои тогаш ги објави Дневник, истрагата имала и докази во пресретнатата комуникација меѓу осомничените кои тогаш беа приведени во акцијата „Фабрика за афери на СДСМ“.
Дел од разговорите веќе се најдоа на некои косовски медиуми, што само дополнително го потврдува сомнежот дека станува збор за снимки кои до медиумите стигнале преку косовските структури со кои соработувал Чауш.
Од друга страна, СДСМ не крие дека лицето Захир Бекири Чауш е дел од нивната партиска структура.
Откако првично негираше дека го познава, фотографијата од канцеларијата на Бихаќка го натера лидерот на СДСМ Зоран Заев да признае дека ја лажел јавноста и дека одржувал блиски средби со Чаушот.
И генералниот секретар на СДСМ и технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски имал блиски релации со Чаушот, што го потврдуваат и серија фотографии кои Чауш ги споделувал на социјалните мрежи.
Дека станува збор за лице од структурите на СДСМ покажува и податокот дека сопругата на Чауш е вработена во Паркинзи општина Центар, институција раководена од кадар од раководството на опозициската партија, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ
„Полицијата кај Захир Бекири – Чауш пронајде 70 000 незаконски снимени телефонски разговори, сокриени во душек. Захир Бекири – Чауш кој во моментов одлежува затворска казна, е член на СДСМ, близок на аболицираниот криминалец Зоран Заев кому во секое време му се отворени вратите од неговиот кабинет. СДСМ како заслуга за криминалот на Захир Бекири ја вработи неговата сопруга во партиската фирма Паркинзи на општина Центар.
Медиумите ги открија линковите на Захир Бекири – Чауш со криминалци надвор од границите на Република Македонија, а неговите фотографии со раководството на СДСМ и доказите за криминалот што го правел по партиска наредба станаа видливи за сите граѓани.
Трагичен е обидот на СДСМ да ги лаже граѓаните дека Захир Бекири не е нивен член и дека ги поседувал незаконските снимки на Заев без знаење на партијата.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател и сопартиец Захир Бекири – Чауш ќе одговараат за криминалот што го сториле, а СДСМ на претстојните избори во декември ќе ја плати цената за лагите и манипулациите со кои Петре Шилегов се обидува да ја измами јавноста“ – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ останува на својот став дека сите разговори кои ги поседувале ги доставиле во Специјалното обвинителство, но нема одговор, како полицијата пронајде 70.000 незаконски снимки кај нивниот партиски функционер Чауш.
„Сите разговори од „Вистината за Македонија“ што ги поседуваше СДСМ се во Специјалното јавно обвинителство.
Предупредија дека нарачателите на прислушувањето, Груевски, Мијалков и соработниците ќе се обидат да користат материјали што ги поседуваат за уцени за разни цели и тоа сега се покажува со пораките што очигледно му ги праќаат на коалицискиот партнер Ахмети.
Ако фамилијата мисли дека со овој потег влева несигурност кај граѓаните – им порачуваме дека пукаат во празно – стравот е сега преселен кај обвинетиот Груевски и осомничените Мијалков и Јанкулоска, зашто правдата доаѓа. Граѓаните го надминаа стравот и сега единствено што ги интересира е одговорност за прислушувањето и одговорниот да одговара.
Прес24 побараа од СЈО и од правосудството да го санкционира нелегалното прислушување.
Казната за тој што прислушувал е најголема гаранција дека тоа зло нема да се повтори.
Медиумите кои под задача на Груевски лажат дека прислушуваните разговори биле наводно објавувани од СДСМ, ќе одговараат на суд за клеветите што ги шират.“ – изјави вчера портапролот на СДСМ Петре Шилегов.
Одговор е побарано и од Специјалното јавно обвинителство.
Од Прес24 прашуваат дали во нивната архива може да се најдат снимките кои деновиве се објавуваат на социјалните мрежи. До овој момент, се уште нема одговор.Откако вчера медиумите објавија за извесна фан страна која објавила серија прислушувани разговори за кои тврди дека се од пратеничката Ермира Мехме