И Дојран ќе добие Музеј на вода

Археолошките истражувања кои беа спроведени пред три години во Дојран покажаа дека првото наколно живеалиште во Дојранското Езеро било на локалитетот Мрдаја, односно на најјужната точка од езерото и датира од преодниот период од бронзената и железната епоха. Изградбата на наколната населба ќе значи и збогатување на туристичката понуда на Дојран.После Охрид и Дојран ќе добие музеј на вода. Проектот ќе биде базиран на археолошките истражувања спроведени во периодот од 2012 до 2014 година кога археолозите добија сознанија и одредени елементи кои укажуваат на постоење на наколна населба и на ова подрачје.
Според најавите од Завод и Музеј Струмица кој ги водеше истражувањата, оваа година со поддршка на министерството за култура ќе се изработува проектот за наколната населба , а веќе следната треба да започне и нејзината изградба. Планот е наколната населба да биде лоцирана во Стар Дојран на потегот помеѓу градската и струмичката плажа каде што има можност да биде изграден и соодветен паркинг простор.
-Планот е да се направат четири објекти од праисториската епоха и еден објект мандра. Тоа е практично музеј на вода, односно поврзување на праисторијата со 20 век, односно на некој начин да ги претставиме сите оние активности кои што се битни за историјата на Дојран и Дојранското Езеро, вели Зоран Рујак, директор на Завод и Музеј Струмица.
Археолошките истражувања кои беа спроведени пред три години во Дојран покажаа дека првото наколно живеалиште во Дојранското езеро било на локалитетот Мрдаја, односно на најјужната точка од езерото и датира од преодниот период од бронзената и железната епоха.
Изградбата на наколната населба ќе значи и збогатување на туристичката понуда на Дојран и заедно со големиот број проекти кои беа реализирани во изминатите години ќе придонесе за привлекување на што повеќе туристи и зајакнување на локалниот економски развој.После Охрид и Дојран ќе добие музеј на вода. Проектот ќе биде базиран на археолошките истражувања спроведени во периодот од 2012 до 2014 година ког

Пронајдете не на следниве мрежи: