Германија во петокот ги повика албанските политички функционери да прекинат со нивната националистичка реторика, откако пред неколку седмици САД официјално поради истата причина изразија загриженост за стабилност на Балканот.„Важно е националистичките чувства да се контролираат и да се изразуваат со голема одговорност и со должно внимание“, изјави во текот на посетата на Албанија шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле, пред неговата посета на Македонија, на заедничка прес-конференција со албанскиот колега Едмонд Панарити.„Никакво менување на границите не е дозволено на Балканот. Границите во Европа ја губат својата важност, но не можат да се укинат. Рече Вестервеле, повикувајќи ги албанските политички партии да избегнуваат да играат на адутот на национализмот пред парламентарните избори закажани за 23-ти јуни.Албанскиот премиер Сали Бериша последните месеци, како и повеќето други албански политичари, ја заостри националистичката реторика со споменувањето на создавањето „Голема Албанија“, што предизвика загриженост кај соседните земји меѓу кои и Македонија, во кои живее заедници на етничките Албанци.„Албанија нема и никогаш нема да има територијални претензии кон своите соседи. Ќе го поддржуваме мирот и стабилноста на Балканот, како и досега“, изјави на прес-конференцијата со германскиот колега, шефот на албанската дипломатија, Едмонд Панарити..Неодамна САД преку Стејт департментот ја предупредија Албанија, нагласувајќи дека Тирана игра „опасна игра“ и повикувајќи ги сите фактори во земјата да се насочат на тоа што го сметат најважно – евроатлантските интеграции.Во петокот претходно, американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер во посета на Тирана, изјави дека САД имаат цврсти односи со Албанија, Македонија, Косово, Србија и другите земји од регионот, предупредувајќи ги албанските политичари дека „национализмот е непродуктивен и тој фактички има тенденции на дестабилизација на регионот“.„Кога слушаме националистичка реторика ние се вознемируваме и реагираме за да национализмот го оставиме настрана и заедно да го надминеме национализмот. Овој наш став е ист како за политичарите во Албанија така и за сите други“, рече Рикер во интервју за албанската телевизија Top Canel.Посетата на Рикер на Албанија доаѓа само неколку дена по писмото што САД го упати до официјална Тирана во кое на Албанија и’ се укажува да престане со користењето на националистичката реторика.
МакфаксГерманија во петокот ги повика албанските политички функционери да прекинат со нивната националистичка реторика, откак