Храбрата девојка чиј сопруг и ги отсекол ушите и носот, спремна е да продолжи со животот, откако изминативе шест месеци ги помина на операции за реконструкција на лицето.
„Конечно веќе не ми е страв да се погледнам во огледало“, изјавила младата авганистанка Ејша Мохамаџаи, која поминала низ оваа грозоморна тортура, по обидот да побегне од бурниот брак полн со насилство.
„Не ми е грижа. Секој има некаков проблем. На почетокот ми беше многу страв да помислам што ме чека во иднина. Но, сега не повеќе. Сега ја разбирам смислата на животот и како треба да се живее. Во бракот не разбирав ни што е живот“, додаде Ејша.
Докторите и вградија силиконско перниче во челото, со цел да и ја прошират кожата од која ќе и направат нов нос. Тие веќе земале ткиво од нејзините подлактици и го пресадиле во нејзиното лице, за да можат делумно да го формираат обликот на носот. Сега планираат да земат дел од нејзиното ребро, кој ќе и го вградат на местото на носот, а потоа коската ќе ја прекријат со кожата од челото.
Браво за храброста што ја имала оваа млада девојка, која и помогнала да го издржи сето ова и да постепено да го надмине овој период од нејзиниот живот.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Храбрата девојка чиј сопруг и ги отсекол ушите и носот, спремна е да продолжи со жи