Ѝ ги шепнал ОВИЕ седум зборови и таа ВЕДНАШ се разбудила од кома!

Линди Пелетиер-Свап едно утро паднала на кујнскиот под и повеќе не се будела. Ја пронашол нејзиниот син Стивен, којшто настојувал да ја разбуди, но 45-годишната жена не реагирала на неговите обиди да ја врати при свест.Паднала во кома. Дванаесет дена Линди била некаде помеѓу реалноста и соништата. Членовите од нејзиното семејство и лекарите правеле сѐ за да дојдат до неа, но ништо не помагало.
Лекарите им рекле дека не можат ништо повеќе да сторат за неа. Еден по еден, сите членови од нејзиното семејство разговарале со Линди, полека простувајќи се од неа. Линди е донатор на органи и нејзиниот став бил ако падне во кома, нејзиното семејство да ги исклучи апаратите.
„Ги слушав сѐ што ми зборуваа. Знам кој ме посети. Се сеќавам кога ќерка ми ми читаше книга. Ми беше многу тешко што не можев да зборувам, да се движам, комуницирам“ – рекла Линди.
Дури откако го слушнала разговорот помеѓу сопругот, децата и лекарите коишто им соопштиле дека Линди умира, очајно се обидувала да воспостави контакт.

Она што било пресудно, биле зборовите на нејзиниот сопруг кои ѝ ги шепнал, откако ги исклучиле апаратите што ја одржувале во живот.
„Бори се, ти си борец. Ми требаш“ – ѝ шепнал сопругот.
Токму тие зборови биле потребни таа да се разбуди од кома.
По ова искуство, Линди сака да им порача на сите, чии блиски се имаат најдено во ваква ситуација, никогаш да не се откажуваат.
„Само затоа што не сте при свест, не значи дека не слушате. Треба да разговарате со личност во кома“ – рекла Линди.Паднала во кома. Дванаесет дена Линди била некаде помеѓу реалноста и соништата. Членовите од нејзиното семејство и лекарите правеле сѐ за да дојдат

Пронајдете не на следниве мрежи: