Ѝ ГО ВРАТИЛ ПАРИЧНИКОТ СО ПИСМО: Останала без текст по читањето!

Тејлор Слоан (22) го изгубила паричникот во кој се наоѓале пари, нејзината лична карта и дебитни картички.Пријатно се изненадила кога десетгодишно дете ѝ го врати паричникот кој случајно беше пронајден. Освен што постапил правилно, тој ѝ напишал писмо кое многу ја израдувало.
Ѝ го пратил паричникот на домашна адреса, само три дена откако го изгубила. Покрај паричникот, пристигнало и кратко писмо.
Детенцето, Насим Лоренс, напишало:
„Драга госпоѓо Слоан,
Знам како е да се изгуби нешто. Затоа се погрижив да го добиете својот паричник назад. Се надевам дека ве израдував бидејќи ви ги вратив личната карта и парите. Драго ми е што го пронајдов, а не некоја лоша личност која би го украла.
Делувате како драга личност која прави добри нешта за другите луѓе, па сакав и јас да направам нешто за вас. Плус, ја правам вистинската работа.“

Искреното писмо на детето ја трогнало сопственичката на паричникот.
„Направи добро дело. Тоа покажува дека доаѓа од доброто семејство“ – изјавила Тејлор.
Веста за прекрасниот гест на Насим дошла и до неговото училиште, па дури и му честитал директорот од училиштето, додека Тејлор разговарала со неговата мајка и одлучила да му прати парична награда и кеса бонбони.
„И јас му напишав писмо. Се надевам дека ќе станеме пријатели и дека ќе продолжиме да се допишуваме“ – заклучила Тејлор.Пријатно се изненадила кога десетгодишно дете ѝ го врати паричникот кој случајно беше пронајден. Освен што постапил правилно, тој ѝ напишал писмо к

Пронајдете не на следниве мрежи: