Проектот Деловен простор за бизнис заедницата дава позитивни резултати. Преку овој проект државата овозможува стопанските субјекти да се стекнат со сопственост на деловни простории кои сега се во државна сопственост.Со стекнувањето на сопственост, деловните субјекти ќе може подобро да стопанисуваат со деловните простории. Наместо трошоци за закуп како досега, оние субјекти кои ќе се одлучат за купување на деловниот простор, ќе може своите средства да ги алоцираат многу попродуктивно и трајно во стекнување на имот кој потоа ќе може да го користат на разни начини во економско – правниот промет. Секогаш е подобро да се инвестира во сопственост, отколку да се издвојуваат средства за кирии и закуп, средства кои се трошат а не се стекнува имот.
Владата го објави овој проект за можност за купување на деловните простори во сопственост на државата минатата година. Согласно планот ќе биде овозможено стекнување на сопственост врз деловниот простор од страна на компаниите и тоа во јавна и транспарентна процедура. Планот на државата предвидува вкупниот деловен простор кој е предмет на овој проект да биде истакнуван во јавноста во поедини периоди во посебни огласи, и тоа преку јавни повици на кој ќе може да аплицираат сите заинтересирани физички и правни лица.
Досега беа објавени два огласа за продажба на деловниот простор со кои што беа продадени 85 деловни простории од кои се акумулирани значителни средства кои државата потоа ги употребува за задоволување на други суштински потреби во поглед на изградба и реновирање на училишта, градинки, локални патишта и останати сфери. На овој начин државата несуштинскиот простор кој е во нејзина сопственост преку процес на продажба и го дава на услуга на бизнис заедницата.
Овој проект е директен и позитивен одговор на барањата на бизнис заедницата. Податоците покажуваат дека е успешен и има добри резултати. Преку отуѓувањето на несуштинскиот имот се акумулираат средства кои државата ги инвестира во други дејности како што се изградба на школи, градинки, медицински капацитети, патишта и слично.
-Овој проект е директен и позитивен одговор од страна на Владата на барањата на бизнис заедницата и согласно податоците од минатото тој е успешен проект и има позитивни резултати. Преку отуѓувањето на несуштинскиот имот се акумулираат средства коишто понатаму државата ги користи во други сфери, како што се на пример изградба на школи, градинки, медицински установи, патишта и така натаму. Од друга страна, пак, бизнис заедницата добива можност за стекнување на имот, наместо трошоци за кирии и закупи да инвестираат во здобивање со сопственост, којашто може да ја користат многу попродуктивно, многу поефикасно, од друга страна да ја ставаат и во економско-правниот промет и на тој начин да остваруваат дополнителни резултати. Исто така, со стекнувањето на имот се зголемува и потенцијалот на самиот деловен субјект, и тоа е добро за бизнисот и за општиот економски раст во Република Македонија. Во тек е изработка на третиот пакет, во којшто ќе бидат содржани веројатно околу 100 единици деловен простор и по комплетирањето на сите процедури ние ќе го објавиме тоа во јавноста, а до моментот на објавување сите деловни субјекти коишто имаат идеја, имаат намера да инвестираат во имот во сопственост, можат добро да ги проучат овие можности, да ги добијат потребните информации од институциите, а се изработува и каталог којшто ќе биде објавен наскоро, во којшто ќе бидат содржани сите потребни информации коишто се од интерес за самата компанија којашто има идеја да инвестира во деловен простор. И понатаму ќе продолжиме и со овој и со другите проекти чијашто цел е поддршка на домашната економија и бизнис заедницата во нашата земја, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев..
Инаку постапката за продажбата на деловните простории ја води АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје, согласно Законoт за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории.
Вообичано од кога ќе биде објавен огласот сите заинтересирани физички и правни лица пријавите за учество можат да ги достават електронски до акционерското друштво за продажба на деловен простор. Во рамките на самиот поднесок покрај пријава од подносителот, во која се наведени име и презиме, односно назив, адреса и контакт телефон, треба да се достави и банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање.
По пријавувањето, субјектот кој аплицирал ќе добие известување за тоа кога ќе се одржи електронската јавна аукција за деловниот простор за кој аплицирал, со наведен ден и час и шифра за влез во системот на електронска аукција. На денот на одржување на јавната електронска аукција, оној субјект кој аплицирал и во наддавањето истакнал највисока цена за деловниот простор се здобива со право и можност да го купи тој деловен простор.
По завршувањето на аукцијата најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата и потоа да се пристапи кон склучување на договор.Со стекнувањето на сопственост, деловните субјекти ќе може подобро да стопанисуваат со деловните простории. Наместо трошоци за закуп како досега, о