И Јакимовски не остана покус – му сврте грб на Црвенковски

И Јакимовски не остана покус – му сврте грб на лидерот на СДСМ, Црвенковски. Тој синоќа ја достави кадидатурата за градоначалник на општина Карпош.
Стефче Јакимовски изјави дека оваа одлука ја донел пред се за доброто на граѓаните на општина Карпош, но сепак останува прашањето колку ќе го чини тоа што му сврте грб на Црвенковски и не го подржа во неговата замисла за бојкот на локалните избори.
На социјалните мрежи, Јакимовски ја образложи својата одлука.
„Мене, како профил на личност и како политичар, сметам дека не ме личи дефанзивно да ја предадам борбата за општината уште во самиот старт, уште пред почетокот на овие или било кои локални избори…. Во име на целиот тој четиригодишен влог јас решив да одам во фронтален дуел со кандидатот на владејачката партија“, напиша Јакимовски.
Откако Димитар Бузлески од СДСМ најави независна листа за локалните избори, тој беше исклучен од партијата. Иста казна следуваше и за Панчо Минов и Ташо Радњански, а по вчерашната одлука на Јакимовски и тој ја доживеа истата судбина како своите колеги.
 И Јакимовски не остана покус – му сврте грб на лидерот на СДСМ, Црвенковски. Тој синоќа ја достави кадидатурата за гра

Пронајдете не на следниве мрежи: