И кажала на пријателката дека сопругот ја изневерува – Еве што добила за возврат

Дали некогаш сте се нашле во ситуација да дознаете нешто и после тоа да ви се одбива од глава?Тоа и се случило на една жена која дознала дека сопругот на нејзината најдобра другарка ја изневерува. Погледнете што се случило кога таа и кажала на својата пријателка дека сопругот ја изневерува…Ова е приказната:
Со недели се двоумев дали да и кажам се што знам, но неможев да соберам храброст. Застанав пред куќата на мојата другарка Сара и и тропнав на вратата. Целото тело ми трепереше, бев толку нервозна што сакав да се откажам од се и да побегнам. Таа, мојата пријателка со која се дружам 20 години, ми ја отвори вратата и ме прегрна. Кога ја прашав каде и е сопругот, ми рече дека е на работа, бидејќи „јадниот“ тој мора да работи прекувремено за да ја реновираат куќата.
Тоа беше нејзината верзија, бидејќи јас знам дека веќе некое време, тој има афера со сосетката. Тоа со недели ме притискаше, а кога решив тоа и да и го откријам, сфатив дека нема безболен начин на својата пријателка да и кажеш дека сопругот ја изневерува.
Прв пат забележав дека постои нешто меѓу нејзиниот сопруг и сосетката на една забава во нивната куќа. Разменуваа погледи, тој си играше со нејзината коса, а таа „незабележливо“ го допираше за раката. Дури и неконтролирано се смееше на неговите шеги, а тој воопшто не е духовит човек. Сепак, Сара тоа воопшто не го забележуваше. Моите сомнежи конечно се потврдија кога ги видов како се бакнуваат во автомобил, во една мрачна улица.
Продолжува на следната страна:

За мене довербата и искреноста се исклучително важни и несакав да молчм додека мојата пријателка ја исмејуваат зад грб. Од друга страна се плашев да им се мешам во бракот. Но, сепак, решив да и ја кажам вистината. Кога си отидов, сопругот се и признал на Сара, бранејќи се дека сето тоа било „само секс“ и дека само неа ја сака. Наводно се договориле да поработат на својот брак, а Сара се ми простила.
После тоа продолживме да зборуваме нормално, но еден ден ми прати меил во кој пишуваше:
„Жал ми е, но повеќе не можам да бидам твоја пријателка, Ние се обидуваме да си го обновиме бракот и тоа не е воопшто лесно, но ако поминувам време со тебе, тоа константно ќе ме потсетува на тоа што се случи.“
Бев ужасно повредена, мене ме отфрли, а на својот неверен маж се му прости.
Им раскажував на луѓето за оваа случка, без да спомнам дека станува збор за Сара, а тие ми рекоа дека тоа е нормална реакција на луѓето. На луѓето им е полесно вината да ја префрлат на друг.  За луѓето како што е Сара, изгледа дека е полесно да се живее во лага, отколку да се соочи со силните емоции.
Не зборувавме околу една година, а слушнав дека таа и понатаму е со него. Се уште се надевам дека ќе бидеме повторно пријателки. Иако се трудев да постапам правилно, излезе дека е сосема погрешно…Или не?
Сте се довеле ли и вие во ваква ситуација? Споделете со нас какво било вашето искуство во ваква ситуација.Тоа и се случило на една жена која дознала дека сопругот на нејзината најдобра другарка ја изневерува. Погледнете што се случило кога таа и кажала

Пронајдете не на следниве мрежи: