Пратениците усвоија закон, кој овозможува татковците да може да се женат со своите посвоени ќерки кои не смеат да бидат помлади од 12 години.Сето тоа велат дека е во интерес на децата, додека од друга страна борците за човекови права велат дека станува збор за легализација на педофилија.
До сега во Иран, девојчињата кои се постари од 13 години можат да се мажат но само со одобрување на таткото, додека момчињата можат да се женат кога ќе наполнат 15 години. Во посебни случаи и девојчињата помлади од 13 години можат да се мажат, но со одобрување на судот.
„Ова е легализација на педофилијата. Венчавањето со посвоените деца не е дел на иранската култура. Во Иран постои инцест како и во сите држави во светот, но овој закон претставува криминал“, изјави Шади Садр, адвокат од организацијата „Правда за Иран“, чие седиште е во Лондон.
Интернет сајтот „Табнак“ пренесува дека во 2010 година дури 42.000 деца на возраст меѓу 10 и 14 години се венчале во Иран.Сето тоа велат дека е во интерес на децата, додека од друга страна борците за човекови права велат дека станува збор за легализација на педоф



