И оваа учебна година нижо музичко образование во Драчево

Течат уписите за музички талентираните ученици во дисперзираните паралелки на МБУЦ “Илија Николовски Луј” во ОУ “Кузман Шапкарев” во населба Драчево. Веќе 4-та година, тие во близина на својот дом имаат можност да посетуваат нижото музичко образование. Се држат часови по виолина, пијано и теорија. Наставниот кадар кој  ја изведува наставата е од МБУЦ “Илија Николовски Луј.Потребата за доближување на училиштето до учениците, беше увидена од страна на Општина Кисела Вода, по извршената анкета и утврдувањето дека поголем број на музички талентирани ученици од трите основни училишта на територијата на Драчево, патува повеќе од  12 км во доцните попладневни часови до централното градско подрачје за да ја следи наставата по музичко образование.
Со цел да им се излезе во пресрет, да им се намалат трошоците и да не губат време во патување, за овие ученици беа обезбедени  просторни услови во ОУ “Кузман Шапкарев” во Драчево, а  Општината донираше музички инструменти за ова училиште, кои се потребни за одржување на наставата.
Електронските апликации можат да се пополнат и испратат до 31.05.2017год и се достапни на веб страницата на МБУЦ “Илија Николовски Луј”, при што апликантите треба да наведат дека сакаат наставата да ја посетуваат во дисперзираните паралелки во населбата Драчево.Потребата за доближување на училиштето до учениците, беше увидена од страна на Општина Кисела Вода, по извршената анкета и утврдувањето дека поголе

Пронајдете не на следниве мрежи: