И паштетата може да биде здрава: Домашна пилешка паштета

Домашна пилешка паштетаПотребни состојки:
1 кромид
400-500 гр пилешко бело месо
3 варени јајца
една шолја течност од супа
масло од семе од грозје
лажица сенф
лажица лимонов сок (свежо цеден)
малку свежо исецкан лист од магдонос и целер
лажичка сол
Подготовка:
Издинстајте го кромидот (1 поголема главица), па додадете го пилешкото месо (околу 400-500г) исецкано на коцки и тоа се динста на тивок оган. Пред крајот додадете 1 шолја течност од супа. Потоа тргнете од оган и оставете да се излади (значи пилешкото и кромидот се тргаат од оган пред да испари течноста).
Во друг сад сварете 3 јајца. Кога сето тоа ќе се олади во сецко прво ставете ги варените јајца и измешајте со малку масло од семе од грозје, потоа во тоа се додава смесата со месото и кромид (во неа останала течност), се додава една лажица сенф, една лажица лимонов сок, малку исецкан лист од магдонос и целер и лажицка сол. На крајот се добро изблендирајте и ќе добиете вкусен намаз  – пилешка паштета. 

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Потребни состојки:
1 кромид
400-500 гр пилешко бело месо
3 варени јајца
една шолја течност од супа

Пронајдете не на следниве мрежи: