И пет децении по спектакуларниот грабеж, повторно би го сторил тоа

„Дали ми е срам што бев дел од големиот грабеж на возот? Секако дека не“!Рони Бигс (84) е еден од четворицата живи крадци кои пред половина век извршија еден од најспектакуларните грабежи во историјата, кога од воз украдоа 2,6 милиони фунти, или во денешни пари тоа би било 46 милиони фунти.
Парите никогаш не беа пронајдени, а некои од членовите на бандата што го избрши грабежот никогаш не беа фатени. Некои што беа уапсени, успеаја да избегаат. Бигс се предаде сам во 2001 година.
„Дали ми е срам што бев дел од големиот грабеж на возот? Секако дека не! Поточно, се гордеал што бев дел од таа екипа“, изјави Бигс кој на 50 годишнината од грабежот го посети гробот на Брус Рејнолдс, мозокот на грабежот.
Рони, Брус и уште 13 други крадци на 8 август 1963 година во близина на градот Ментморе изведоа еден од најспектакуларните грабежи во историјата. Иако биле добро организирани, за кратко време поголемиот дел од нив биле фатени, но парите не биле најдени.
Бигс по апсењето успеал да избега од затвор, и се до 2001 година живеел во Австралија и Бразил. Пред 12 години сам се предал, а по осум години го пуштиле на слобода.
„Многу ми е жал што трајно го повредивме машиновозачот и ги жигосавме семејствата на сите кои учествуваа во грабежот. Тоа е голем товар за сите нас. Што се однесува до акцијата и парите, се би повторил“, рекол Бигс.Рони Бигс (84) е еден од четворицата живи крадци кои пред половина век извршија еден од најспектакуларните грабежи во историјата, кога од воз украд

Пронајдете не на следниве мрежи: