Расел О’Грејди кој боледува од Даунов синдром, повеќе од 30 години е дел од тимот на Мекдоналдс во синдејското предградие на Нортмејд, а купувачите го сакаат бидејќи е секогаш добро расположен и љубезен.Расел има речиси 50 години и сè уште ужива во секој дел од својата работа.
Тој на 18 години се пријавил да работи во Мекдоналдс како дел од владината иницијатива која им помага на лицата со потешкотии да стекнат работно искуство, а бидејќи ја сакал работата и бил одличен во истата, му било понудено постојано работно место.
Тој денес работи три дена во неделата, а најомилениот дел од работата му е поздравување на купувачите. Неговиот позитивен став и љубезноста го издвојуваат од останатите, а со тоа Расел станал и локална легенда.
Неговиот татко Џоф О’Грејди вели дека тој е најпозитивната личност во Нортмејд.
“Луѓето го застануваат на улица и се ракуваат со него. Сите го сакаат и ценат до таа мера што тешко нѝ е да поверуваме”, рекол Џоф.
“Еднаш еден човек го праша дали е хендикепиран, а неговиот одговор гласеше: “Бев некогаш одамна кога одев на училиште, но сега работам во Мекдоналдс”, вели неговиот татко, објаснувајќи како работата во Мекдоналдс ја зголемила неговата самодоверба.
Расел има речиси 50 години и сè уште ужива во секој дел од својата работа.
Тој на 18 години се пријавил да работи во Мекдоналд