„Секоја чест, стари“, „Ти навистина си најдобриот татко на светот“, „Ова е пример на кој треба да се угледаат сите татковци во Србија“ – се некои од коментарите кои беа оставени вчера под фотографијата на татко и ќерка кои шетаат со исти крила низ Белград.Веднаш го доби признанието татко на годината, па дури и на деценијата.
Лазар Костиќ (23) стана напопуларниот татко во Србија откако беше фотографиран како шета низ Нов Белград со 3-годишната ќеркичка Сара со розови крила на грбот и со венче.
За 24сата.рс тој раскажал како се случило тоа.
– Сара виде крила на еден цртан филм, па ми бараше да ѝ купам за „исто и јас да имам крила, па да летам“. Нормално, веднаш најдов. Проблемот настана кога го скрши магичното стапче кое беше во комплет со крилата. Бараше ново и, што ќе правам… Утредента кога излеговме да шетаме, не сакаше да излезе од дома ако двајцата не ги ставиме крилата и венчињата, кога сега, нели веќе имаме два пара. И ете, излеговме, со крила летаме по Белград, раскажува Лазар.
Како и на секој родител, детето му е најважно на светот, но за разлика од многумина, тој не останува на зборови туу својата љубов ја спроведува и на дело – токму и затоа една сосема обична фотографија и толку воодушевува.
Лазар е самохран татко. Кога не е добра самовила, работи како продавач во кинески трговски центар. Единствена помош добива од мајка си, која е сѐ уште млада и здрава, па може да му помогне.
-Без неа, искрено, би ни било тешко. Самохрани родители има премногу и дека е тешко, тешко е. Но, кога ќе ја слушнам како се смее, кога ќе ме гушне така што ќе ми го скрши вратот, кога ми пее приспивна песна… тоа ми ја враќа силата. Секоја ситуација е поубава со детето покрај себе , но и нему покрај вас, искрен е Лаки, татко ѝ на Сара.
-Децата нека фантазираат, а ние родителите сме тука да им помогнеме фантазијата да ја претворат во реалност, вели таткото Лазар.Веднаш го доби признанието татко на годината, па дури и на деценијата.
Лазар Костиќ (23) стана напопуларниот татко во Србија откако беше фо