Не само љубителите на фудбалот реагираат на масовната полициска акција во Гелзенкирхен, туку за збор се јавија и политичарите. Покраинскиот министер за внатрешни работи Ралф Јегер е повикан да го расветли инцидентот, пишува Дојче Веле. Суровата полициска акција на стадионот на Шалке на натпреварот плејофот за Лигата на шампионите против ПАОК стана тема во покраинскиот парламент на Северна Рајна Вестфалија. По Либералите (ФДП) и партијата на Пиратите сега и политичарите од, на покраинско ниво владејачките, СПД и партијата на Зелените побараа темелно расветлување на инцидентот. Врз основа на фотографиите се поставува „прашањето за соодветноста на ангажманот“, изјави вчера (23.08.2013) покраинската пратеничка од редовите на Зелените, Јозефине Паул. „За да се ресветли ова во моментов водиме разговори со Министерството за внатрешни работи“, рече портпаролката одговорна за прашања поврзани со спортот од пратеничката група на Зелените.
Исто така и пратеникот во покраинскиот парламент од Гелзенкирхен, социјалдемократот Маркус Тенс побара расветлување. Поради инцидентот тој веќе разговарал со министерот за внатрешни работи, сопартиецот Ралф Јегер и наредната недела повторно ќе го стори истото. Многумина фанови се јавиле во неговата изборна канцеларија. Дека полицијата настапила „со едно такво беспримерно насилство“, тој неможе да сфати. „Таму стоеја семејства исто така и млади кои не учествуваа, а беа во блокот на фановите“, рече Тенс кој самиот е фан на фудбалскиот клуб Шалке и бил присутен на натпреварот.
Република.мкСуровата полициска акција на стадионот на Шалке на натпреварот плејофот за Лигата на шампионите против ПАОК стана тема во покраинскиот парламент на