И порано убивал: Кој е терористот што му се заканува на Салопек?

Се крие зад маска: Злосторникот кој со нож му се заканува на Хрватот Томислав Салопек е искусен терорист. Припадниците на ИСИЛ објавија на интернет дека Хрватска војувала против Исламската држава.Експертите за тероризам се едногласни – човекот којшто во видеото му се заканува на Томислав Салопек, сигурно и порано убивал.
Иако Британците шпекулираат дека станува збор за Џихади Џон – нивниот државјанин кој заминал во редовите на Исламската држава за да стане егзекутор, тоа никој не може да го потврди.
„Организацијата од Синај никогаш претходно се нема заканувано на ваков начин. Ова им е прв пат да ги користат методите на ИСИЛ, бидејќи досега исклучиво со бомбашки и самоубиствени напади напаѓаа воени и полициски постројки на Синај, како и туристички дестинации. Тој новитет го покажува давањето поддршка и лојалност кон припадниците на Исламската држава“ – изјавил Ведран Обуќина, експерт за Блискиот исток.
На интернет кружи слично видео на кое маж со иста висина и облечен во еднаква униформа како киднаперот на Салопек, со нож во лева рака стои зад заробеникот кого по неколку минути го погубува. Експертите велат дека е неблагодарно да се шпекулира за можниот идентитет на крвникот, бидејќи ИСИЛ ги има повеќе.
Ниту тоа што го држи ножот во левата рака, не мора да значи дека е нужно левак.
„Кога станува збор за униформите со пустински шари, тие сами по себе не се невообичаени. Но, сите униформи на терористите, па и оние црните, имаат интересен крој. Тоа не се униформи кои можат да се купат или да се набават преку некој сајт за купување армиски униформи. Очигледно е дека се посебно изработени за нивните борци“ – вели експертот Мате Лаушиќ.Експертите за тероризам се едногласни – човекот којшто во видеото му се заканува на Томислав Салопек, сигурно и порано убивал.
Иако Б

Пронајдете не на следниве мрежи: