И повеќе од добра причина зошто мажите не би требало да присуствуваат на породувањето

Повеќето жени денес сакаат нивните партнери да присуствуваат за време на породувањето, но можеби би им било подобро нивните „полоши половини“ да се наоѓаат малку подалеку. Британските научници откриле дека присуството на саканата личност може да ги интензивира болките на жената за време на породувањето.Не само што ја интензивира болката, туку научниците не успеале да најдат ниту една жена чии болки се намалиле со присуството на саканата личност. Научниците од факултетот Колеџ Лондон во соработка со екипите од лондонскиот Кингс Колеџ и Универзитетот од Хетфордшир спровеле истражување на 39 жени кои добиле ласерски мерач на прстот додека партнерот бил покрај нив. Се следела електричната активност на нивниот мозок, и жените требало да го рангираат интензитетот на пулсирањето од 1 до 11.
Научниците потоа го повториле експериментот додека мажите биле надвор од просторијата. И откриле дека болката во ниту еден случај не била помала поради присуството на партнерот, напротив, во многу случаи токму тогаш се засилила.
Претходни истражувања откриле дека жените не користат голем број анелгетици по породувањето доколку се присутни нивните партнери.
Авторите истакнале дека овие истражувања не се доволно прецизни, но главната авторка на истражувањето, др. Шарлот Крах, истакнала дека на болката на жената влиае природата на односот со партнерот. Оние кои имале потешкотии во интимноста имале поголема можност да почуствуваат болка покрај своите партнери.
Друга докторка која учествувала во истражување, додала: „Индивидуалците кои ја избегнуваат блискоста можат да имаат проблем кога партнерот е присутен, бидејќи тоа влиае на методот на самостојното носење со тешки ситуации“.Не само што ја интензивира болката, туку научниците не успеале да најдат ниту една жена чии болки се намалиле со присуството на саканата личност. Н

Пронајдете не на следниве мрежи: