И повторно мечката се шета низ СкопјеСе сеќавате за мечката што шеташе низ Скопје? Повиците во редакција не престануваат. Мечката е повторно забележана низ Скопје. Постојано добиваме фотографии од минувачите што случајно ја начекале и се фотографирале со неа. Сите велат дека била многу мила и мека, а истовремено и многу забавна. Посебно е внимателна со малите дечиња. Еве пред некој ден била забележана пред театарот за деца и млади каде што ги израдувала најмладите, а како што забележавме на една од фотографиите кои ни пристигнаа била и на ракометниот натпревар Македонија – Исланд. Доколку ја видите и Вие, гушнете ја и од нас, фотографирајте се со неа и испратете ни ги Вашите фотографии. Направете нешто различно и уживајте
Мечка во градски автобус!
Мечката стана апсолутен хит. Се појавува и каде што најмалку очекувате. Еве пред некој ден ја забележале на ескалатор во трговски, а потоа и како чека автобус на Рекорд, по што заминала кон Skopje City Mall, возејќи се со градски автобус. Сите информации што ги добиваме велат дека мечката не претставува опасност за минувачите, туку напротив им предизвикува задоволство да ја пресретнат бидејќи гушкала многууу силно. Ако ја видите, гушнете ја и Вие. Направете нешто различно и уживајте
Се сеќавате за мечката што шеташе низ Скопје? Повиците во редакција не престануваат. Мечката е повторно забележана низ Скопје. Постојано добиваме ф