Евелин од САД има 97 години, а наскоро ќе ја наврши и 98-мата.Пред неколку години на Евелин и ја одзеле возачката дозвола со образложение дека таа е веќе премногу стара за да вози.
Откако неодамна старечкиот дом во кој што таа живее решил да го укине автобусот кој ги носел старите лица во маркет и на пазар, Евелин решила да преземе нешто неверојатно.
Наводно, укинувањето на превозот најмногу ја погодило една нејзина пријателка од домот која не можела самата да оди да купува. Поради тоа, Евелин, резигнирана од потегот на управата во домот, отишла во полиција и си ја побарала возачката дозвола назад.
По долгото инсистирање, подлегнала на серија тестови и на сите покажала одлични резултати. Сега Евелин со своите 97 години ја вози својата пријателка до маркет и на сите други места каде треба да одат.
Пред неколку години на Евелин и ја одзеле возачката дозвола со образложение дека таа е веќе премногу стара за да вози.



