И русите воведуваат ембарго: Какви санкции подготвува Путин за Црна Гора?

Серијата размислувања за вакви потези следат откако Црна Гора, и покрај долгогодишното пријателство со Русија, реши да се придружи на земјите кои поддржуваат санцкии против Русија поради кризата во Украина. 
Црна Гора реши да се придружи на санкциите од САД и ЕУ упатени кон Русија поради интегративниот процес во северозападната воена алијанса.
Според пишувањата на „Рускаја Газета“, русите се преку ноќ тајно истиснати од социјалниот живот во Црна Гора, иако поголемиот дел инвестиции во оваа земја доаѓаат токму од Русија. Весникот пишува дека руската компанија која ја гради железницата во Никшиќ била присилена веднаш да ја напушти Црна Гора, додека работите биле префрлени на некоја британска компанија.

 
Рускиот амбасадор во Црна Гора, Андреј Нестеренко, изјавил дека црногорците очигледно имаат кратка меморија и заборавиле како во 2005 година ги молеле русите да останат во земјата и да ги зајакнат своите инвестиции.
Текстот во весникот тврди и дека русите во Црна Гора се почесто се цел на закани и заплашувања, но и измами во трговијата со недвижнини, а полицијата при тоа воопшто не реагирала. Според политичкиот експерт Максим Кисељев, Русија е должна да ги брани своите интереси и своите граѓани на балканот.
Овој потег на Црна Гора ги изненади сите, а особено нејзините граѓани, кои се проруски ориентирани, додека владаа на премиерот Мило Џукановиќ се стреми кон интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.
  
Црна Гора реши да се придружи на санкциите од САД и ЕУ упатени кон Русија поради интегративниот процес во северозапа

Пронајдете не на следниве мрежи: