ТРАМП ПОБЕДИ, ваистина победи, глобалистите се во состојба на клиничка смрт а либералите не знаат каде е вратата. Американскиот амбасадор во Македонија личеше како да е прегазен од ваљак на утринската прес конференција, македонските либерали и останати ретки животинчиња обилно ја користеа службата „итна помош“ поради зачестени падавици и разни облици на психоза – утре ќе побараат оставка од Тодоров, кога ќе се соземат. А настанот колку и да беше грандиозен – воопшто не е толку трагичен, ЛУЃЕ, човештвото победи мајку му. Тоа е причина за оптимизам а не за тага и стрес. Првиот чекор кон подобар свет е смело зачекорен, сите сме на тој пат. Она што „Брегзит“ го начна, Ердоган го засили, доживеа свој климакс со ТРАМП. Светот од денес нема да биде ист.
Политиките со кои требаше да се предизвика трета светска војна, со кои требаше да се направат стотици микро жаришта од шарени револуции околу Русија и Кина за да се испровоцираат, со кој требаше да се намали населението на 500.000.000 жители како што говореше Бил гејтс во Јоханесбург, во најмала рака ќе почекаат подобри времиња. Светот во кој либералите измислуваа милион под категории на луѓе и не делеа по секој можен ебен параметар е разобличен, агендата демаскирана играчите извадени на чистина. Планетата земја закрепна а сега останува да се себепрочисти од либералните елитисти кои градат политики со смрт на оние „потрошливите“ меѓу нас, оние кои дишат воздух кои елитите го сакаат за себеси.
Обичниот човек успеа. Ќе ми простите ако се забележува возбудата но навистина треперам, човек сум, ме тангира. Дојде крајот на фект чекинг сајтовите закачени на веб страните на „големците“ кои заслужуваат да живеат за разлика од нас „потрошливите“. Златната карта со која мафтаа пред масите со подтекст дека што и да се случи ТИ ќе бидеш сигурен затоа што си Црн, Геј, транџа, Наркос, Проститутка, самохрана Мајка, уметник, или што и да си веќе ако тоа спаѓа во „урбаната категоризација“ – се скрши како порцеланска ваза кога „слонот“ ТРАМП почна да ја тресе земјата. Ве тераа самите да си лепите етикети и да барате врз основа на истите „специјални права“ за да ве натераат да заборавите дека сте пред се и над се луѓе !
Се самопрогласија за атеистички божества кои ја имаат „вистината“ која вие само треба да ја восприемате- никако да прашувате. Создадоа глобална зомби армија на послушници кои сопствениот мозок го заменија со фект чекинг апликациите на Хилари и бандата околу неа, со цел да ве натераат да не верувате дури ни на сетилата кога се тие и нивните одлуки во прашање. Македонија го живееше овој лајфстајл две цели години, го живее и денес. И тука пробаа вандализам да ви продадат за уметност, спин за теза, брутална лага за вистина. Кај некои им успеа. Некои меѓу нас од „Х“ причини повторно и повторно се враќаа на изворите од кои течеа брутални лаги за да ја угасат сопствената жедза вистина. Бараа мир со нереди на улица, правда со кршење на судови, вистина на прес конференции на партија. Најлошото помина. Од демаскирањето на креаторите на овој суров и антихуманистички систем – почнува новиот свет. Свет во кој ќе гледаме со сопствени очи, ќе слушаме со сопствени уши и ќе процесуираме со својот сопствен мозок. Времето на ready made вистините од типот дека некој човек заслужува плус права од вас затоа што е Црн, жолт, црвен, геј, муслиман, или комуњар на пример, се зад нас. Времето кога некој ќе бара владеење на законот со негово кршење и тоа ќе го прогласува за авангарда е готово. И чешмата на чичко сорос нема да биде пуштена повеќе на најсилно, ќе му треба секој цент за во Америка под Трамп, човекот кој толку упорно се трудеше да го спречи да дојде на местото на кое што е денес.
Светот ја поврати Хилари, ја исфрли од сопствениот систем. Светот не можеше да поднесе уште 4 години женски Обама, или во превод кукла чии конци ги влечат оние за кои јас и вие сме „вишок“ кој треба да се одстрани од лицето на земјата. Со години стерилизираа, чипуваа луѓе и ги буцкаа еден против друг, брат против брата, човек против човека. Симулираа светски економски кризи како никогаш до сега од кои само тие на крајот остваруваа профит за да не задолжат и осиромашат, за да ни ја убијат желбата за живот и максимизираат нагонот за преживување, за да не свртат едни против други, ние да се екстерминираме додека тие се скриени во бункерите со сопствените инцестоидни фамилии. Но човекот преживеа, природата најде свој пат иако -опасноста е сеуште присутна, тие нема туку така да се откажат. Поволно и среќна околност за нас Македонците е што сме мали и некаде таму на маргините на Европа која беше еднаш одамна матка од која се изродија овие дегенерици кои мутираа во антихуманистички монструми.Њуз флеш, Европа е следна. Ние ќе се извлечеме на „слепото око“ додека титаните се борат на поголемиот терен. Треба максимално да ги искористиме овие 6 до 8 месеци со исклучени „безбедносни камери“ и да расчистиме со плевелот кој ни го насадија на нашите прекрасни полиња. Ќе преживееме ние, Пиреј сме, корни го – тој пак расте. Господ не чува. Само уште малку ум и правилна проценка ни треба за да на време се приклучиме на силите кои се про човештвото. И ќе биде се во ред…. Куртоните шарени? Не би сакал да сум во нивна кожа. Нема лага ни спин која ќе ги спаси од оваа сметка. Конечно ќе платат. Или што би рекла иконата на СДСМ – А СЕГА ШО ПРАИМЕ???
Навистина другари и другарки, Удбаши и Ознарки, А Сега ШО ПРАИМЕ?
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !
Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичар
Политиките со кои требаше