Постојаната „чадорски“ стимулирана инфузија во форма на изнасилени, прејудицирани и фингирани случаи премина во лоша навика бидејќи, очигледно, СДСМ се навлече на помошта од СЈО и стана зависник од неговите, макар биле неефектни, обиди за девалвација на нивниот политички противник. Во обложувалниците, пак, коефициентот на можноста СЈО да подигне обвинение во следните месеци е 1 наспрема 100 дека сѐ е само обична фарса. Изборите се ближат, а Јанева работи прекувремено. Замислете ја само дневницата за работа за викенд и на празник на основна плата од 3 илјади евра… анализира неделникот „Република“.
Кога ќе падне првото издржано обвинение на СЈО? Денеска, утре или поверојатно вчера… Вака би гласела дефиницијата на македонското право на апсурдот, кое по примерот на сродната драма речиси една година се провлекува низ македонската реалност. Преседан со еднострани обвиненија кон владејачката партија и неаргументирано јавно жигосување на нејзините челници, наспроти заштитничкиот однос кон врхушката на СДСМ, чијшто лидер и неговите гавази, како Верушевски и компанија, се величат како спасители и се чуваат како ретки птици.
Успешни или не, иако второто е емпириски докажано, но исто како и нивните безидејни и неработни ментори од опозициската партија, СЈО и Јанева егзистираат речиси дванаесет месеци со мегабуџет за домашни услови и уште посолени плати. Функционираат по принципот познат како „повикај пријател“ од играта „Милионер“. Секогаш кога СДСМ ќе падне во депресија од преголемиот константен набој на негативна енергија, партијата недостигот на програма и идеи го премостува со помошта на својот спасител, кој без никаков проблем стапува на сцена и со волшебното стапче, кое, меѓу другото, личи на чадор, од „бомбашките“ неосновани и пусти индиции создава инстант „случај“ против ВМРО-ДПМНЕ, давајќи ѝ време на морално и финансиски паднатата опозиција да се соземе од маката претрпена по одржаните две-три бесмислени прес-конференции и да се врати на нозе. Да можеа, ќе го вклучеа СЈО и во некрофилијата за настраданите во поплавите, но поради летните одмори, овојпат мораа да ги ангажираат и онака некрофилски настроените и надарени медиумски јуришници. Веројатно, кога некогаш во далечна иднина и би победиле на избори, би го воскреснале СЈО, од носталгија и за личен ќеф, а единствен проблем би бил новиот состав затоа што во таа победничка констелација на СДСМ Ленче, најверојатно, би била претседателка на Судскиот совет, Фатиме пратеник, Катица министерка итн.
СДСМ и СЈО дејствуваат по иста матрица
Оваа постојана „чадорски“ стимулирана инфузија во форма на изнасилени, прејудицирани и фингирани случаи премина во лоша навика бидејќи, очигледно, СДСМ се навлече на помошта од СЈО и стана зависник од неговите, макар биле неефектни, обиди за девалвација на нивниот политички противник. Проблемот е во тоа што никој од инволвираните сојузнички страни во специјалната прикаска, кои случајно или не почнуваат на истата буква, не сфаќа дека курцшлусот е генеалошки и настанува од идентичното родословие на вмешаните. Не ги спојува само сенката на истиот чадор, туку и неспособноста и страшната неинвентивност. Ги поврзува и истата матрица, во која, помалку парадоксално, креаторот ги создал според сопствениот стерилен лик.
Првите го демонстрираат тоа на политичката сцена веќе 25 години, а во нивно наследство единствено што се памети се самозамислената предодреденост за владеење наспрема лошата политичка „поткованост“, неинвентивност и голема мрзеливост, затворените фабрики, илјадниците отпуштени работници и стечајци, сменето име, знаме, нова територијална поделба на државата и многу слични потези со кои синокрвните ѝ се упикуваа на меѓународната заедница. Можеби има кусок од 24 години постоење, но СЈО може надалеку да се фали со сопствената неинвентивност. Доколку се сомневате, потсетете се само на имињата на случаите, сите кое од кое попатетично и сите на буквата „т“. Ајде и за ова да го обвиниме „чадорот“, но за партиската наспрема стручната подготвеност доволно зборува универзитетскиот просек на Јанева, а за предодреденоста родословот на Фатиме и на Ленче. Откако, буквално, ги избркаа двајцата обвинители кои не беа на иста опозициска бранова должина со нив, во СЈО владее партиска унифицираност, веројатно и посилна и посервилна од редовите на матичната им партија, каде што фракционерството е често милувана појава. СДСМ го паметиме по наведените политички глупости, а СЈО, веројатно, ќе остане запаметено по правните ќорфишеци – глупави обиди за создавање издржани случаи од неаргументирани индиции базирани на желбите на исто толку безидејните нарачатели.
Непочитувањето на правилата на игра е уште една спојна нишка на специјалните сојузници. И додека првите во пустата желба за враќање на власт се користат со неконвенцонални политички орудија како незаконски прислушувани разговори, местенки и се крстат во некаква си поддршка на странски чадор наместо во народот, вторите играат контра сите правни норми и ги уриваат основните начела на процесот. Така, СЈО не ја почитува пресумпцијата на невиност, тајноста на предистражната постапка и дузина други основни начела во кривичната постапка. И онака, целта им е руинирањето на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, а за добра фарса и уште подобра драма потребни ви се филмските ефекти на креирање ниски побуди, тензии и сензација, макар биле чиста лага. Копија на матрицата на дејствување на медиумските јуришници, кои така ги задоволуваат„ високите“ професионални стандарди на американскиот спонзор со унгарско потекло.
Близината на изборите ги вознемири СДСМ и СЈО?
Со брзото наближување на крајот на август се ближи и можноста за конечен крај на двегодишната фингирана политичка криза во државата. Финишот на месецот треба да означи и крај на агонијата, признание дека условите се исполнети и датум за избори. Кај СДСМ помислата за изјаснување на народот предизвика активација на изборофобијата, која смирена од воспитните „заушки“ на чадорот премина во компензација со некрофилските афинитети на синокрвните, па растревожени од помислата за избори влегоа во евтин антички филм за вина на ближниот свој за временската стихија, често верување кај старите народи во подем и кај денешните партии во распад.
Но, доколку стравот од избори кај СДСМ е оправдан и означува симбол за крај на политичката кариера за врхушката, за дел и крај за слободата, чуму СЈО би се плашело од избори? Објаснувањето е повеќе од јасно – и првите и вторите имаат ист замислен противник кој во нивната ката (борба со замислен противник во каратето) го има ликот и делото на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, а крајната цел (слично како во катата) е одбрана од противникот, кој во случајот на СДСМ преку инвентивни потези и многу, многу работа и вложен труд не се штеди и го освојува теренот наречен Македонија. За Јанева и за нејзините обвинители би било силен пораз вложените напори со случаите на буквата „т“ да немаат никаков одраз на резултатот на изборите, за кои, всушност, и се креирани. Заев ќе ја урнеше власта за три дена, а веројатно тоа се очекувало и од антиуставната институција која беше создадена како катализатор на неговите дејствувања на одот кон власта. Замислете колкаво би било разочарувањето на истиот тој чадор доколку, по сите напори и вложувања, останат со празни раце? За Сорос и да не зборуваме…
Токму затоа, соочени со неизбежноста од избори, СЈО стави во петта брзина и максимално ја интензивираше фреквенцијата на распитите на самосмислените противници. И повторно со истите трикови – девалвација на осомничените без никакво почитување на пресумпцијата на невиност и кршење на тајноста на предистражната постапка преку фингирана сензација и медиумски циркус со истите тие личности, сите од редот на владејачката партија.
Чадорот ги подучи, но „профеционалците” ги уништија
По силните забелешки од сите можни страни и кога веќе стана премногу очигледно дека случаите се позајмени од желботеката на СДСМ, особено преку контраефектот на наместените „случајни“ пречеци на редицата опозициски подобни медиуми на осомничените, за кои новинарите по правило на нештата не ни смееја да знаат, чадорот очигледно дигна рачна и ги искара своите недоветни чеда од СЈО.
Така, истиот ден се случи една бурлескна ситуација, сѐ во речиси половина час. Првиот дел од неа го одиграа медиумите во функција на нарачаното од чадорот, а вториот го уништија истите нивни професионални колеги, жедни за сензација.
Во вторникот, петнаесетина минути пред 17 часот, ултраопозициско гласило излезе со став на СЈО кој веднаш орно и со голем елан го презедоа десетици други побратими по новинарска ориентација. Во веста се тврдеше дека СЈО ќе држи во строга тајност кои сѐ политичари се инволвирани во предистражната постапка и ќе се појават на распит. Очигледно, по воспитната од заштитниците, СЈО ја протури оваа вест преку истиот медиум за кого Јанева го даде и првото интервју. Случајно, нели…
За голема жал на СЈО и уште поголема на чадорот, нивните недоволно информирани колеги, кои не знаеја дека треба да ја поддржат воспитната од чадорот, во битката за да бидат „најинтересни“ и најблиски до Соросовите непресушни средства, башка УСАИД и многуте други амбасадини фондови, речиси половина час по патката за новата чесност и принципиелност на СЈО се излетаа и соопштија радосно оти Зоран Ставрески не се јавувал за распит во СЈО, бил болен и надвор од земјава. Веста излезе речиси половина час по лагата дека СЈО веќе нема незаконски да оддава детали од истрагите. Нејсе што Ставрески веднаш ги демантираше дека е во странство, уште една професионална лага, нели…
Во целата прикаска радуваат барем две нешта. Првата е дека чадорот, дефинитивно, го лизна СДСМ со новиот меѓупартиски договор, а втората е дека за сефте, очигледно, ги искара и недоветните од СЈО. Останува уште чудото – да го натера СДСМ да излезе на избори…
Даштевски: СЈО на крајот на мандатот ќе мора да преземе одговорност
Евидентно е дека претходно e направен план меѓу структурите на СДСМ, Сорос и некои други структури како да постапува СЈО, вели универзитетскиот професор Александар Даштевски, според кој не случајно веднаш штом ќе се актуализираат изборите, главно оружје станува токму СЈО.
Даштевски: Тоа што не им е јасно на тие структури е дека таквото однесување и постапување се казниви и строго забранети. Таа безидејност оди дотаму што во СЈО не можат да сфатат дека тоа што го прават е толку провидно што секому му е јасно дека спроведуваат агенда на опозицијата со цел да го нарушат рејтингот на власта. Но, на крајот некој ќе мора да преземе одговорност, како за потрошените пари, така и за незаконското постапување и кршење на правата и слободите на осомничените, спротивно на домашните и на меѓународните прописи. Пресумцијата на невиност е утврдена во нашите закони, и тоа во согласност со меѓународните прописи – член. 11 од Универзалната декларација за човекови права и член. 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи.
Според овие меѓународни документи, секој обвинет за кривично дело има право да се смета за невин сѐ додека не се докаже вината. Македонија е земја-членка и на Обединетите нации и на Советот на Европа, кои ги усвоиле овие прописи и како таква има обврска да ги почитува. За жал, кај нас стана вообичаено непочитувањето на ова елементарно човеково право. Покрај тоа, не се почитуваат и многу други законски одредби. На пример, вчера грубо беа прекршени тајноста на предистражната постапка и тајноста на истражната постапка. Тоа, можеби, ќе беше ублажено доколку СЈО не им ги пратеше разговорите за кои беа повикани сведоците на проопозициските медиуми, да ги објават заедно со прилогот за сослушување. Да се потсетиме на Договорот од Пржино. Таму стои дека СЈО треба да спречува да бидат објавувани незаконски прислушуваните материјали, а не да учествува во нивното објавување. Но, нели, СЈО не одговара пред никого. Барем засега. Јавноста можеше да види дека СЈО заборави на тие што неовластено ги прибавија и пуштаа тие материјали бидејќи продолжување на таа кривична постапка можеше да придонесе и за поуспешно завршување на другите постапки. Уште пред една година беше утврдено во судот дека таквите материјали не можат да се користат како доказ без прибавување на други докази. Поради тоа, доаѓа и до поведување постапки од страна на СЈО без да бидат обезбедени докази, што е уште еден преседан и прекршување на кривичната постапка, но и повредување на достоинството на човекот, неговиот углед, правото на личен и семеен живот, правото на еднаквост. Тука доаѓаме и до едно фундаментално право од огромно значење за постапката, а тоа е правото на ефикасна одбрана и постапување во разумен рок, кои не само што апсолутно не се почитуваат, туку со тоа на странките им е нанесена непоправлива штета. Затоа, јас ова не би го нарекол медиумско-политички циркус, туку трагедија, и тоа не само за странките во постапката и нивните семејства, туку и за државата. Со самиот факт дека ова се случува преку медиумите, тоа го гледаат сите граѓаните на Република Македонија и целата меѓународна заедница. Овие демократски принципи се почитуваат во целиот свет, па со тоа се прави непотребна штета на угледот на државата. Но, времето работи против СЈО. Веќе помина една година од нивниот избор, а тие не се ни на почетокот. Според Договорот во Пржино и Законот што го донесоа сите партии заедно, тие имаат уште шест месеци за да ги поднесат сите кривични пријави што произлегуваат од прислушуваните материјали. Потоа ќе имаат уште толку да ги завршат постапките. Како тргнале, нема изгледи дека ќе го сторат тоа. Потоа ќе престане нивниот мандат и тогаш ќе мора да понесат одговорност.
Пандов: Жално е Јанева да им е предизборна програма
Жален и беден е СДСМ, вели аналитичарот Александар Пандов, кога успеа да се донесе во ситуација еден приучен правник како Катица Јанева со просек од 6,3, кој успеала да го постигне во седумгодишно студирање и која во својата обвинителска кариера нема ниту еден посериозен случај во улога на обвинител, да му биде единствената изборна програма што има да ја понуди.
Пандов: Претпоставувам дека не постои човек во Македонија на кого не му е јасно дека единствената задача што ќе ја има дотичната госпоѓа е да испорачува што повеќе прес-конференции, на кои ќе бидат без никаков доказ за вина прозивани функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Сигурен сум дека во наредниот период сѐ почесто ќе бидат повикувани на давање искази во СЈО, а сѐ со една и единствена цел – Соросовите платенички медиуми да имаат материјал со кој уште пожестоко од Катица и од СДСМ ќе плукаат и фрлаат дрва и камења по ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека како се приближува изборниот датум, овие дејства ќе зачестуваат. Па, така, пред една недела бевме сведоци како во очај од недостиг на докази од осомничените барале самите да докажуваат дека не се виновни, што е правен преседан кој го нема ни во најтоталитарните режими. Значи, да бидеме јасни до крај, некој без никаков доказ ве прави осомничен и тоа го обзнанува на прес- конференција која ја пренесуваат сите медиуми. Пресумпција на невиност и тајност за Катица и СЈО не постојат како норми. Потоа јавно ве повикува да дадете исказ во нивното неуставно обвинителство, каде што бараат од вас да докажете дека сте невин?! Па ова го нема ни во Северна Кореја. Ќе повторам, јас сум уверен во интелегенцијата на македонските граѓани и цврсто верувам дека и на најтврдите поддржувачи на СДСМ им е јасно дека сето тоа е парада на глупоста, од која повторно најголем губитник ќе бидат тие самите. Тешки несреќи се Заев и Шекеринска ако и по 10 изборни порази веруваат дека некои други ќе им ја донесат изборната победа, а не програмата и, секако, луѓето што би ја спровеле таа програма. Тие не сакаат да разберат дека граѓаните гласаат за партијата што им нуди подобар живот, повеќе вработувања и, секако, едно од најважното, а тоа е со кого се чувствуваат посигурни и позаштитени. Оттука ни сите пари на Сорос, ни СЈО, а најмалку Катица Јанева нема и нема да бидат фактор кој ќе одлучува кој ќе ја раководи државата по изборите. За ова раководство на СДСМ, дефинитивно, спас нема, тие ќе си се држат до нив и нивната црна кампања. Останува да се надеваме дека по поразот на избори таа партија ќе успее да избере нормално раководство кое ќе засука ракави и ќе се фати за работа.
Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 208. број на неделникот „Република“, 26.08.2016)
Кога ќе падне првото издржано обвинение на СЈО? Денеска, утре или поверојатно вчера… Вака би гласела дефиницијата на македонското право на а