Неколку илјади граѓани на општина Штип денес излегоа на протест за поддршка на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).Минатата недела ГДОМ одржуваше масовни мирни протести во Скопје, а сега собири со граѓани одржува и во другите градови.
Освен во Штип, ГДОМ денес со почеток во 19 часот ќе одржи масовни собири во Битола и Велес.
Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите.
Иако неколку дена имаше прекин на собирањата, поради огромната желба на граѓаните и огромниот притисок јасно да ја изразат својата волја против актуелните случувања и деструкцијата која ја применува СДСМ, како и за одбрана на државата и мирот, ГДОМ започнува со серија граѓански собири.
Членовите на ГДОМ истакнуваат дека народот како што ја создаде оваа држава, сега кога се чуствува отворена закана за нејзино подривање застанува на бедемот и одбрана на институциите и зачувување на мирот.
-Деструкцијата и насилието кои што се спроведуваат од приврзаниците на СДСМ не е израз на волјата на мнозинството. Кога насилието ќе го замени разумот, кога пресметките ќе се главна содржина на политичкото дејствување, тогаш нема напредок. Тоа граѓаните ќе го осудат. Македонија мора да оди напред, да се развива, истакнуваат од ГДОМ.Минатата недела ГДОМ одржуваше масовни мирни протести во Скопје, а сега собири со граѓани одржува и во другите градови.
Освен во Штип, ГДОМ