И ТОА Е МОЖНО: Седум докази дека сверквата ве сака

Односот невеста-свекрва може да биде еден од најтешките за одржување, кој ја тестира толеранцијата и разбирањето на двете страни. Овој однос неретко завршува погрешно, а тоа е така поради погрешно протолкувани изјави, повредувањето и кавгите. Тој често е полн со „добронамерни“ совети, мали пецкања и ривалства.Свекрвите често се етикетирани како наметливи и напорни, а невестите како површни, невешти и неспособни. Сепак, колку и да звучи лошо и колку и да постојат различни мислења на оваа тема, постојат и убави примери кои докажуваат дека и најсложениот однос може да успее – но, само ако се вложи труд од двете страни.
Многу е едноставно да видите дали ѝ се допаѓате на свекрвата или не. Овие 7 знаци ги откриваат симпатиите:
1. Сакаат да бидете во нивна близина
Правилата на пристојноста наложуваат тие културно да ве поздрават и да позборуваат со вас, но доколку редовно комуницирате и уште сакаат да поминуваат време со вас – се наоѓате на добар пат. Доколку свекрвата сака да сподели рецепт со вас, а свекорот сака заедно да гледате нешто на телевизија, најверојатно тоа значи дека им годи вашето присуство и сакаат да бидете покрај нив.
2. Ви даваат подароци
Ако им текнува на вашиот роденден и ви даваат било какви подароци за празниците, кои притоа откриваат дека се потрудиле да ви подарат нешто што вам ви е омилено – тогаш тоа е дефинитивно добар знак дека сте ги освоиле.
3. Секогаш сте повикани
Кога неговите блиски роднини слават роденден, неговата мајка секогаш ве известува и сака да присуствувате на забавата. Тоа е знак дека ѝ се допаѓате. Па уште и ако ве фати под рака и се смешка додека ве држи, тогаш таа дефинитивно го одобрува изборот на нејзиниот син и сака да се пофали со вас.

4. Кажува убави работи за вас
Доколку вашиот партнер или некој друг член од семејството ви каже дека неговите родители секогаш зборуваат само најдобри работи за вас, тоа сигурно е цврст доказ дека им се допаѓате. Да се зборуваат убави работи за некој што не е присутен, сигурно е добар знак за прифаќање и одобрување.
5. Споделуваат тајни со вас
Вие чувствувате дека сте вклучени во нивниот семеен живот. Тие со вас веќе споделиле некоја семејна тајна и уште зборуваат за вашата заедничка иднина со нивниот син. Тоа секако треба да ви ласка. Докажува дека ве прифаќаат, ве сфаќаат сериозно и ја одобруваат врската.
6. Тие се на ваша страна
Вие до тој степен им се допаднавте и не сакаат да ве изгубат, што се трудат нивниот син правилно да постапува со вас. Доколку слушнат дека се карате и потоа застануваат на ваша страна, верувајте дека во потполност ве имаат прифатено и сакаат вашата врска да успее.
7. Ви пишуваат пораки и ви се јавуваат
Неговата мајка понекогаш знае да ви се јави без било каква причина, само за да позборува со вас. Таа ќе се сети да ви пише порака иако не станува збор за некој празник или важен датум за честитање. Таа сака само да ви каже дека наишла на нов попуст или видела новоотворен фризерски салон во кој заедно би можеле да отидете. Доколку ова се случува, верувајте дека имате сојузник на своја страна.Свекрвите често се етикетирани како наметливи и напорни, а невестите како површни, невешти и неспособни. Сепак, колку и да звучи лошо и колку и да

Пронајдете не на следниве мрежи: