И велеле дека е грда и дебела, а денес заработува милиони од својата убавина

Ме малтретираа секој ден на училиште, знаеа за Денот на вљубените да ми испратат честитка  со потпис на момчето кое ми се допаѓаше, за потоа да сфатам дека всушност тоа се тие. Кога имав 15 години, ми се закануваа со нож“, раскажала манекенката Френки Вајлд.Френки Вајлд (27), британска манекенка, досега во својата кариера заработила  повеќе од милион фунти, но не било секогаш така, а тема на денот е најзината искрена исповест во која раскажува дека поминала низ вистински пекол на училиште, и дека поради секојдневните навреди од своите врсници размислувала и за самоубиство!
„Ме одгледуваше мајка ми и никогаш не сме имале пари. Децата ме задеваа поради тоа што носам стара облека. Кога имав 11 години, работите стана полоши и почнаа да ми велат дека сум дебела и грда. Ме малтретираа секој ден на училиште, знаеа за Денот на вљубените да ми испратат честитка  со потпис на момчето кое ми се допаѓаше, за потоа да сфатам дека всушност тоа се тие. Кога имав 15 години, ми се закануваа со нож. Бев преплашена. Мајка ми се обидуаше  да ми помогне но не успеа. На крај почнав да се самоповредувам  и размислував  за самоубиство“ вели Френки и додава дека се се променило кога на 17-годишна возраст сликите поставени на My Space ги забележале модните агенции.

„Поради насилниците имав лошо мислење за себе и бев убедена дека никогаш ништо нема да постигнам во животот. Ни во најлудите соништа не можев да сонувам  дека ќе станам манекенка. На првото пробно снимање  во секој момент очекував да ми кажат дека сум грда, но тоа не се случи  и на некој начин, ужасот кој го преживеав на училиште ми даде сила на сите да им покажам  дека не биле во право“, заклучила Френки Вајлд.Френки Вајлд (27), британска манекенка, досега во својата кариера заработила  повеќе од милион фунти, но не било секогаш така, а тема на денот

Пронајдете не на следниве мрежи: