Иако бакнувањето доаѓа инстинктивно и повеќето од нас сметаат дека одамна ја имаат совладано техниката, за жал овие грешки многумина ги прават и поради тоа се далеку од пружање на совршениот бакнеж.
1. Агресивен почеток
На филмовите често можеме да видиме како двајца агресивно пристапуваат еден кон друг и страсно запловуваат во долг романтичен бакнеж. Но, животот не е филм и доколку истово го пробате во реалноста, голема е шансата дека едниот од вас ќе се здобие со модрица под окото, оток над устата или евентуално скршен заб. Наместо да тргнете нагло и нападно, започнете со меко спојување на усните и продолжете со бакнување кое постепено и природно ќе се забрзува и засилува. Слушајте ги сигналите од телото на вашиот партнер, вдишувањата и срцебиењата. Тие ќе ве водат во процесот на совршеното бакнување.
2. Премалку јазик
Секако дека не треба да го забивате јазикот во грлото на партнерот, но и држењето на јазикот во својата уста не овозможува уживање. Бакнежот започнете го со затворена уста, без да зинувате од далеку, а потоа грицнете ја долната усна на партнерот, нежно пројдете со јазикот преку нејзините рабови, па допрете го неговиот јазик и веќе потоа дозволете да ве понесе моментот.
3. Погрешна цел
Добра идеја е повремено да земате воздух додека се бакнувате. Незгоден момент може да настане кога ќе се одвоите од партнерот и кога потоа ќе сакате да продолжите со бакнување, па случајно ќе завршите лапнувајќи го неговиот нос. Во таков момент и вашиот партнер ќе се збуни, па најдобро е да продолжите со бакнување како ништо да не се случило.1. Агресивен почеток
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.