И вие ќе бидете во депресија доколку го прочитате ОВОЈ ТЕКСТ!

Во денешно време ретки се оние луѓе кои никогаш не паѓаат во депресија, но доколку таквите ситуации се јавуваат често и траат подолго, тогаш дефинитивно не станува збор за нешто што е вообичаено.Се чувствувате лошо и без волја? Дали е тоа само едно минливо расположение или станува збор за нешто посериозно? Според ситуациите, доколку имате некои од овие знакови на депресија треба да побарате помош од психолог или психијатар.
Се чувствувате повеќе од тажно
Тажните периоди се составен дел од вашиот живот и тоа е сосема нормално. Меѓутоа доколку чувствувате интензивна тага во долг временски период и тоа без некоја посебна причина, тоа би можело да биде знак на депресија. Уште ако таа тага ви пречи во секојдневните активности би било подобро да разговарате со лекар.
Јадете повеќе или помалку од обично
Покрај депресијата доаѓаат и промени во исхраната. Некои луѓе тогаш јадат значително помалку и драстично ослабнуваат, додека пак други јадат повеќе и се дебелееат. Обрнете внимание на тие знакови и доколку забележите дека имате осцилација во исхрана обратете се кај лекар.
Спиете повеќе или помалку отколку вообичаено
Доколку забележите дека емоциите ве исцрпуваат до таа мера, што постојано сте уморни па спиете повеќе него вообичаено, тоа би можело да е знак на депресија. Некои луѓе кога се депресивни не можат да спијат поради немир и тешкотии. И едните и другите нека ви бидат показатели дека треба да побарате стручна помош.

Ве нервираат ситници
Дали се нервирате и за најмали ситници? Дали сте чувствителни на секој збор и секој гест? Дали забележувате дека често се расправате со својата околина бидејќи се ви пречи?
И тоа можат да бидат знакови дека сте паднале во депресија.
Не можете да се сконцентрирате
Депресијата му оневозможува на човек да се сконцентрира на било што. Доколку забележите проблеми со концентрацијата на работа или дома и ако тоа се случува се почесто, посетете лекар и опишете му ги своите проблеми.
Повеќе ништо не ве радува
Депресијата го уништува животот и животната радост. Потсетете се на работите кои некогаш сте ги правеле и проверете дали ве радуваат и сега? Доколку тоа повеќе не е случај можеби навистина сте депресивни.
Се чувствувате безвредно
Покрај депресијата чувствувате и безвредност. Човек чувствува дека животот не изгледа онака како што би требало и најчесто се обвинува себеси за тоа а не може да си помогне себеси. Доколку се најдете во таква ситуација, веднаш обратете се на лекар. Се чувствувате лошо и без волја? Дали е тоа само едно минливо расположение или станува збор за нешто посериозно? Според ситуациите, доколку имате н

Пронајдете не на следниве мрежи: