Иако е мало и болно, тој е сепак голем борец!

Малото дете Елведин Деронјиќ од населбата Паланка, Брчко, го прати страшна болест и сиромаштија. Но, покрај се, тој е голем борец.
Се родил без еден бубрег, а сега другиот му откажува. Врз сите овие маки, лекарите дијагностицирале тумор во стомакот, кој денес треба да му биде отстранет.
Судбината му донела само несреќа на ова момче бидејќи неговата мајка починала неколку месеци откако родила мртво бебе. Освен што е тажен поради смртта на мајка си, детето се бори за својот живот. Живее со својот татко во куќа која е во лоши услови.
Таткото, инаку е неспособен за работа, а малкуте пари ги заработува работејќи како пастир. Сепак, тие пари не се доволни за да го излечат ова мало и болно момче. Единствениот начин да се спаси е трансплантација на бубрег за што се потребни најмалку 15.000 евра, кои таткото на Елведин ги нема.
Поради тоа хуманистите од Брчко покренаа акција за помош. Сите надежи некако ги гледаме во трансплантацијата на бубрег, која би требало да се изведе во Србија. И покрај тешката болест и животот кој го живее со татко си, Елведин е неверојатно весело дете.
„Тато, немој да плачеш ако умрам, умреа и мама и дада“. Ова се зборовите на малиот Елведин, кој неговиот татко ги пренесе.
Извор. СителМалото дете Елведин Деронјиќ од населбата Паланка, Брчко, го прати страшна болест и сиромаштија. Но, покрај се, тој е голем борец.
Се родил

Пронајдете не на следниве мрежи: