Пејачката Дона Арес веќе втор пат по ред го победи ракот. Меѓутоа, за да не се врати болеста повторно, таа одлучила да се откаже од кариерата.Откако таа се разбудила од анестезијата по операцијата долга 12 часа, на емотивен начин се простила од сите љубители на нејзината музика:
„Сонцето ме повикува и мами. Можеби веќе и последен пат гледам низ овие прозорци на болничката соба. Почнуваат нови борби низ животот, но повеќе нема борби за истиот! Радикални потези, големи промени и нови искушенија. Преживеав 12 часа на операција од висок ризик. Среќна сум што имам шанса да почнам од почеток. Дона Арес од минатото повеќе не постои. Ја нема повеќе!“ – го почнала своето обраќање Дона и продолжила:
„Ништо повеќе не е исто – ниту јас, ниту вие, ниту оние добри стари времиња. Што било, било. Тие песни ќе се паметат уште долго време, но нови не планирам да снимам“ – истакнала пејачката, којашто така ја посоветувале и докторите, бидејќи сметаат дека враќањето на сцена и стресот и` ја вратиле болеста. Иако нема намера да ја продолжи кариерата и да снима нови песни, таа нема намера да се откаже од музиката.
„Секогаш ќе бидам ваш храбар змеј и некој на кого сигурно ќе бидете горди каде и да се наоѓате! За многумина сум инспирација, затоа е време и за себе да пронајдам инспирација и да тргнам да живеам нов живот за кој едвај се изборив! Ве сакам и знам дека сте покрај мене! Од Дона Арес единствено ќе останат името и квалитетот на прво место што и да прави, а идеите се натрупуваат“ – објаснила пејачката.
За потсетување, таа во 2014 година дознала дека боледува од рак и храбро се бореше против болеста во последните две години. И само што помислила дека ставила точка на тој болен период, болеста се вратила во мај годинава. По лекување во Данска, во која треба да помине уште неколку дена, пејачката одлучила да стави точка на повеќе децениската кариера.Откако таа се разбудила од анестезијата по операцијата долга 12 часа, на емотивен начин се простила од сите љубители на нејзината музика:
&