Иако полни 84 години „Дурекс“ се уште е енергичен во кревет!

Хронологија на еден бренд или уште подобро кажано хронологија на уживањето за двата пола, нешто што најмногу ги доближува и ги соединува машкиот и женскиот пол е сексот и што поголемо уживање во истиот.Гумен, еластичен, црвен, зелен, со набори, екстратенок, во сите можни и луди варијанти – тоа е кондомот „дурекс“ којшто го измени светот на сексот и уживањето во последните 100 години. Дали ги знаеме некои од фактите за овој производ што направи да се измени нашата перцепција кон сексот и уживањето во него?
Кондомот каков што го знаеме денес е измислен во Германија од Евреинот Џулиус Фром. Компанијата што го произведува „дурекс“ е основана во 1915 година како „Лондон Рабер“ или компанија за гума, а првиот кондом „дурекс“ е произведен во 1929 година. Оттогаш, па сѐ до денес „дурекс“ постојано растеше и стана единствениот бренд достапен насекаде во светот.
Денес „дурекс“ полни 84 години и сѐ уште е најреволуционерен и динамичен, сѐ уште ги размрдува најскриените желби и фантазии. Ова е бренд кој постојано и секојдневно се редефинира себеси и одново се потврдува како производ поврзан со животниот стил. Постојано своето портфолио го зголемуваат со нови и иновативни производи.
„Дурекс“ во својата историја развива и лубриканти кои одат заедно со кондомите. Првиот кондом со лубрикант „дурекс“ излегува во 1950 година, а продолжува и денес. Секој од нив е наменет за соодветно уживање, продолжено уживање, уживање во предигра итн. Еволуцијата продолжува во 1960 година кога „дурекс“ го лансира првиот анатомски обликуван кондом. Анатомскиот облик со годините е унапредуван за во 1995 година „дурекс“ повторно да направи бура на пазарот со претставување на кондомите во боја и со вкус. Во 1997 година почнува со производство на полиуретански кондоми направени од синтетички материјали, што е важен чекор напред во правењето кондоми затоа што овој производ се однесува за корисници кои имаат алергиски реакции на обичната гума-латекс, од што всушност се направени обичните кондоми.

Понатаму во 2001 година, со претставување на„ Плежермакс“, кондом за ултимативно уживање за двата партнера, „дурекс“ станува првиот бренд на кондоми кој на пазарот пласира кондоми со текстура, набори и форми со цел максимализирање на стимулирањето за двете страни.
Кондомите „дурекс“ без дилема се еден од најпопуларните светски брендови. Создадени се специјално по мерка на потрошувачите. Оваа компанија постојано истражува нови начини како кондомите „дурекс“ можат да дадат поголемо уживање за што поголем број луѓе. Брендот којшто симболизира виталност, енергичност, инветивност, храброст и одлучност, одговорност и безбедност за себеси и за другите, е можеби најважниот производ на денешницата.
Доколку овој бренд го персонифицираме во личност, Господинот Дурекс денес има 84 години и сѐ уште се качува нагоре во сексуалното искуство и уживање.Гумен, еластичен, црвен, зелен, со набори, екстратенок, во сите можни и луди варијанти – тоа е кондомот „дурекс“ којшто го измени

Пронајдете не на следниве мрежи: