Постои една работа која речиси секој пар некогаш ја направил, иако знаат дека тоа и не е баш најбезбедно.Кога станува збор за методите на контрацепција, многу луѓе се потпираат на презервативите и пилулите. Но, има и многумина кои се потпираат само на „методот на вадење“.Да, зборуваме за тоа кога мажот го вади пенисот пред ејакулацијата.Според новите истражувања, тој метод е почест кај двојките отколку што мислите. Имено, според податоците добиени со помош на женската апликација за плодност – Glow – дури 18 отсто од жените признале дека овој метод им е примарен облик на контрацепција. Со други зборови, овој метод го зазема третото место според популарноста, после кондомите кои ги користат 32 отсто од испитаниците и пилулите, кои ги земаат 27 отсто од нив.
Со текот на годините, методот на вадење често го привлекуваше вниманието на јавноста. Некои веруваат дека е неефикасен и опасен, бидејќи бара голема самоконтрола од мажот. Но, има и такви кои ќе речат дека „и не е толку лошо“.Истражување на њујоршкиот институт „Guttmacher“ покажало дека овој метод е еднакво ефикасен како и употребата на кондоми. Но, и понатаму кружат приказни за жените кои забремениле користејќи го овој метод.Без оглед на тоа колку е ефикасен или не, статистиките со кои располага Glow покажуваат дека во секој случај, овој е еден од омилените методи на контрацепција кај хетеросексуалните двојки. Земајќи го тоа во предвид, од Glow велат дека е потребно луѓето повеќе да се едуцираат за овој метод, за да го користат на најефикасниот и најбезбедниот можен начин.Многумина се срамат да признаат дека го користат овој метод Интересно е тоа што многу жени се срамат да им признаат на своите пријателки дека се потпираат на овој метод, бидејќи тој делува како нешто со кое би експериментирале тинејџери. Но, кога некој би признал дека со партнерот го користи „методот на вадење“, сите други воодушевено би признале дека и тие го прават тоа.
Иако таа не штити целосно од бременост (а, особено е ризична кога станува збор за сексуално преносливи болести), ако се изведува на правилен начин, може да биде ефективна речиси како и кондомите, тврди Рејчел К. Џонс од институтот „Guttmacher“ и напоменува дека при совршената употреба на кондоми постјат 2 отсто шанси тие да бидат неефикасни, додека кај методот на вадење станува збор за 4 отсто.Кога станува збор за методите на контрацепција, многу луѓе се потпираат на презервативите и пилулите. Но, има и многумина кои се потпираат само на