Ибрахими: Најголем предизвик за Македонија е што поскоро надминување на политичката криза

„Работата во иднина“ е насловен форумот кој се одржува денеска во Скопје, а организиран од Меѓународната организација на трудот. Најголем предизвик во Македонија претставува политичката криза, која негатвино влијае на економијата и можностите за вработување, оцени министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.-Во Македонија, во моментов, најголем предизвик е надминувањето на политичката криза. Колку повеќе се влошува истата,  тоа ќе значи намалени можности за вработување, намален економски раст. Се надевам ќе смогнеме сили да мислиме пред се на Македонија и на доброто на идните генерации. Се надевам ќе најдеме начин Македонија да оди во онаа насока во која одеше во претходниот период, и во иднина, рече Ибрахими.
Тој спомена и дека од изминатите години Македонија може да се пофали со одлични резултати во делот на намалување на степенот на невработеност.
Од 39 проценти во 2006-та година, дојдовме до 23, 1 процент  на крајот на 2016 година, со интенција до 2020 степеност да се намали на 18, 1 процент. Постигнувањето на овие цели ќе зависи од многу фактори, а сепак најголемиот е политичката криза, заклучи Ибрахими.-Во Македонија, во моментов, најголем предизвик е надминувањето на политичката криза. Колку повеќе се влошува истата,  тоа ќе значи намалени м

Пронајдете не на следниве мрежи: