При образложението на приговорот на претставникот од БЕСА тој рече „не ни дале да ставиме забелешки“. Ако некој не му дал имаат право тоа да го побараат пред општинската изборна комисија после 19 часот, а тој потврди дека тоа не го направиле. Директно доаѓа до ДИК. Во овој приговор, јас не гледам никаков доказ дека се направени тие повреди кои ги наведува претставникот на подносителот на приговорот, вели Бедредин Ибраими членот на ДИК од ДПА во врска со приговорот на БЕСА поднесен за избирачкото место 2333/1 во Арачиново.-Во овој приговор за мене е само пишување и укажување дека е сторена некаква повреда, а нема приложено никаков доказ. По мене тој приговор е неоснован, вели членот на ДИК.
Ибраими додаде дека и во прилог на приговорот членовите на ДИК ја немаат заверената изјава од нотар за која говорел претставникот од БЕСА.
-Не значи дека било која изјава заверена на нотар е доказ. Изјави може било кој во било кое време да обезбеди. За мене тоа не е доказ, ако нема други опипливи докази за денот на гласањето во одреденото гласачко место, додава Ибраими.-Во овој приговор за мене е само пишување и укажување дека е сторена некаква повреда, а нема приложено никаков доказ. По мене тој приговор е неосно