Ицо Хазарта од „Апсурт“ заработи црн печат од македонската гранична полиција

Познатата бугарска рап група „Апсурт“ се пожалија на некоректен однос од страна на македонската полиција на граничниот премин кај Делчево.Според информациите, полицијата барала од бугарскиот рапер да приложи договор за настапот во Виница, а бугарскиот рапер не го носел со себе, бидејќи наводно никогаш не му биле барани договори кога претходно патувал во Македонија.

На 11. август, бугарската рап група имала закажано настап во клубот „The CLUB – Vinica“, но сепак истиот се одржал без еден од најпопуларните рапери во Бугарија, Ицо Хазарта, кои имал непријатности на граничниот премин.

Од фотографиите кои беа поставени на официјалната фејсбук фан страна на клубот од Виница, јасно се гледа дека токму Ицо Хазарта не бил дел од овој настап. „Апсурт“ во Виница настапи во состав Венци, Буч и секако неодоливата Марија Драгнева која ја „распали“ публиката во клубот во Виница.
Извор: dnevnik.bg
Фото: The CLUB-Vinica (Facebook)Според информациите, полицијата барала од бугарскиот рапер да приложи договор за настапот во Виница, а бугарскиот рапе

Пронајдете не на следниве мрежи: