Италијанското дизајнерско студио ICONA го претстави својот сосема нов модел, кој е и првиот целосно титански хипер автомобил во светот.Претходната верзија на Icona Vulcano Titanium дебитираше на минатогодишниот Pebble Beach Concours d'Elegance во Калифорнија, потоа се појави и во Top Marques во Монако.
Сега моделот веќе е во завршна варијанта и ги чека подготвените купувачи коишто ќе треба да одделат 2,5 милиони евра од џебот за да го добијат.
Единствениот во моментот титански хипер автомобил е инспириран од најбрзиот авион во светот, изработен од титаниум „SR-71 Blackbird“. Аналогијата на тркалата е прва во светот, чие купе е изработено од титан, со што на возилото е врежан зборот „уникатност“.
Конструирањето на титанското купе беше доверено на CECOMP, на кои им биле потребни 10.000 часа рачен труд за да се постигне овој ефект. Внатрешноста е исто така на ниво, а во неа преовладуваат карбонат и алкантара. Возачкото седиште е изработено целосно од карбон, пред него се распоредени целосно дигитални инструменти, а еден од TFT екраните е со големина 12,3 инчи.
Погонот и суспензијата се развиени од инженерот Клаудио Ломбарди, кој е поранешна ѕвезда во Scuderia Ferrari. Заедно со Марио Кавањеро, шеф на Italtecnica, се труделе да ги извлечат најдобрите можни динамични параметри за возилото.
Тоа е управувано од 6,2-литарски V8 суперчарџер, со генерирани 670 КС и 820 Nm вртежен момент. Со односот моќност-тежина од 2,38 КС по килограм, Vulcano еруптира до 100 km/h за 2,8 секунди, а границата од 200 км/ч се постигнува по 6,8 секунди.
Моделот успеа да заврти обеколка на „Нордшлајфе“ за помалку од 7:20 минути. Официјалното претставување на моделот пред публика ќе се одржи на Salon Privé во Blenheim Palace, Велика Британија, помеѓу 1 и 3 септември.Претходната верзија на Icona Vulcano Titanium дебитираше на минатогодишниот Pebble Beach Concours d'Elegance во Калифорнија, потоа се појави и во T